Марктл (герм. Marktl), неофицијално Марктл на Ин (Marktl am Inn = „Пазарче на Ин“), е село и стара пазарна општина во сојузната покраина Баварија, Германија, недалеку од границата со Австрија. Местото му припаѓа на округот Алтетинг во Горна Баварија. Најзначаен град во околината е Алтетинг. Марктл има околу 2.700 жители.

Марктл е родно место на Папата Бенедикт XVI - 265-тиот поглавар на Римокатоличката црква.

Наводи

Надворешни врски

Домашна страница на Марктл

Галерија

Категорија:Села во Баварија