Крсте Чачански (25 септември 1949 - 13 јуни 2003) е поет, раскажувач и романописец. Роден е во с. Драслајца, Струшко. Завршил Филолошки факултет во Скопје.Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 282.

Во негова чест од 2011 до 2019 година Културниот центар „Бран“ од Струга и Ревијата за книжевност „Бранувања“ ја доделувале наградата „Крсте Чачански“.

Книжевно творештво Бреговина (поезија, 1972) Писма (раскази, 1982) Бермудски триаголник (раскази, 1992) Лавиринт (поезија, 1992) Божјиот сон (роман, 1994) Азбукар (поезија за деца, 1995) Сенката на лилјакот (роман, 1997) Индиго и Квазар (раскази, 1999) Книга на небото (роман, 2000)

Награди

Добитник е на наградите: „Мисла“, „Рациново признание“, „Стале Попов“, „Гоцева повелба“ и „Живко Чинго“.

Наводи

Категорија:Драслајца Категорија:Македонски писатели Категорија:Луѓе од Струга