Иако економската криза која се случи на крајот од првата декада на 21 век започна во Соединетите Американски Држави, таа брзо се прошири во Европа влијаејќи врз земјите од регионот кои веќе беа во криза уште од февруари 2009 година или пак веќе страдаа од значајни пазарни и економски неуспеси. Глобалната економска криза за првпат се забележа во Европа кога Данска влезе во рецесија.

Еврозона Во еврозоната, земена како целина, индустриското производство опадна на 1,9 проценти во мај што се смета за најостар месечен пад за регионот од кризата на девизниот курс во 1992 година. Европската продажба на автомобили опадна на 7,8 проценти во мај во споредба со претходната година. Малопродажбата опадна за 0.6 проценти во јуни во споредба со нивото од мај и за 3,1 процент од јуни претходната година. Од четирите најголеми економиски сили во еврозоната, само Германија забележа раст на активностите во јули иако тој беше многу низок. Економските аналитичари на РБС (Кралската банка на Шкотска) и Кепитал Економикс (Водечки независни консултатски услуги за макроекономски истражувања) сметаат дека падот го зголемува ризикот од навлегување на еврозоната во рецесија во 2008та година. Во второто тромесечие, забележан е пад на економијата во еврозоната за 0,2 проценти. Во третото тромесечие, повторно се забележува пад на економијата со што еврозоната навлегува во техничка рецесија.

Ирска Во првото тромесечие од 2008 година, Ирска покажа пад на БДП од 1,5 проценти што беше првиот економски пад откако започнаа тримесечните извештаи како и првиот забележан пад од 1983 година. Сепак, Централната канцеларија за статистика во Ирска објави раст на БДП за околу 0,8 проценти иако Владата во Ирска смета дека БНП е подобра мерка за економијата. Аналитичарите, сепак, предвидоа дека економијата во Ирска ќе продолжи да опаѓа до крајот на годината.Извештајот на брокерите од НЦБ (Национална централна банка) пак предвиддуваа дека бруто-националниот производ ќе опадне за 1 процент во 2008 година и за 0,4 проценти во 2009 година поради падот на мултинационалните компании погодено од глобалниот економски застој.Економист од НКТ (Национална комерцијална банка) изјави дека вон-институционалната инвестиција би опаднала за 5 проценти во 2008 година и за 12 проценти во 2009 година. Во второто тромесечие, Ирскиот БДП забележа пад за 0,5 проценти со што Ирска стана првата земја од еврозоната која што влезе во рецесија. Мерил Линч, американскиот брокер кој остана без капитал во септември 2008 година, ја советува Владата на Ирска. Во јануари 2009 година, таа беше принудена да ја национализира нејзината трета најголема банка, Англо-ирската банка, и да најави повторно капитализирање на нејзините две најпознати банки, АИБ (Здружени ирски банки) и Ирската банка. Во февруари 2009 година, Владата објави рекордно ниво на невработеност во земјата со највисок месечен пораст во последните 40 години каде се отпуштаа 1.500 луѓе дневно. Ирска излезе од рецесија во третото тромесечие во 2009 година со економски пораст од 0,3 проценти како резултат на последните кратења на буџетот од страна на ирската влада. Сепак, иако Ирска технички излезе од рецесија, нејзината економија сè уште треба да надмине уште многу пречки доколку сака да се врати во нормала.

Шпанија Шпанската градежна компанија Мартинса Фадеса (Martinsa-Fadesa) прогласи банкрот откако не успеа да рефинансира долг од 5,1 милијарда евра. Наводно, двете банки со најголема изложеност на оваа компанија се Каја Мадрид (Caja Madrid) со 900 милиони евра и Банко Популар Еспањол (Banco Popular Español) со 400 милиони евра. Шпанскиот министер за финансии, Педро Солбес, изјави дека тоа нема да ја извлече компанијата. Во второто тромесечие, цените на куќите во Шпанија драстично паднаа за 20 проценти. Сепак, во Кастила ла Манша (Castilla-La Mancha), околу 69 проценти од куќите коишто се изградени во изминатите три години сè уште не се продадени.Дојче банк (Deutsche Bank) изјави дека до 2011 година очекува пад од 35 проценти во реалните цени на куќите.Шпанскиот премиер, Хосе Луис Запатеро, ја обвини Европската централна банка за влошување на работите со зголемувањето на каматната стапка. Повеќе од 98 проценти на станбените кредити во Шпанија ја исклучуваат променливата стапка поврзана со Фурибор (Европска меѓубанкарска понудена стапка) која од август се зголеми на 145 базични бодови. Станбените сметки учествуваат со повеќе од 10 проценти во економијата на Шпанија. Народната шпанска банка е загрижена за здравјето на помалите регионални кредитори со тешка изложеност на хипотекарниот пазар.

Иако Шпанија ја избегна економската криза во првата половина од 2008 година, сепак, невработеноста во земјата се зголеми во текот на изминатата година достигнувајќи 9,9 проценти. Продажбата на автомобили во Шпанија се намали до 31 процент во мај,а истиот месец се намали и производството на фабриките за 5,5 проценти. Влијателниот деловен субјект во земјата, Кирколо де Емресариос (Circulo de Empresarios), предупреди дека постои „голема веројатност“ дека економијата во Шпанија би навлегла во економска криза во втората половина од 2008 година поради станбениот колапс. Во јуни, Шпанија постигна пад од 7,9 проценти во малопродажбата што е најголемиот пад во споредба со претходната година откако Шпанија започна регистрирање на резултатите и на седмиот по ред месечен пад. Ова вклучува пад од 17,9 проценти во малопродажбата на добра за домаќинството. Во мај, се намали и продажбата на храна до 6,8 проценти. Инвестициската банка, Морган Стенли (Morgan Stanley), во нејзиниот извештај објави голема тревога за здравјето на банките во Шпанија како и за економијата на Шпанија, велејќи дека „значајниот економски застој е во тек, а сметаме дека влошувањето во Шпанија е на самиот почеток. Сепак, најболно ќе биде во 2009 година“. Морган Стенли, исто така, предупреди дека постои можност од 40 проценти за контракција на 0,5 проценти на економијата во Шпанија во 2009 година, со ризик да се зголеми на 1,4 проценти. Според АНФАЦ, Здружението на произведувачи на автомобили во Шпанија, продажбата на нови автомобили опаднала за 27,5 проценти во јули во споредба од претходната година што е трет последователен месечен пад од над 20 проценти. Шпанската влада предвидува дека стапката на невработеност ќе се покачи за 10,4 проценти во 2008 година и за 12,5 процвенти во 2009 година. Втората, по големина, банка во Шпанија ББВА предвидува пак дека стапката на невработеност ќе постигне 14 проценти во 2009 година. Индексот на менаџери за продажба во Шпанија укажа за нова длабока рецесија за месец јуни во областа на продажниот сектор. Во вториот тромесечие, економијата во Шпанија порасна за 0,1 процент што е најнизок пораст во последните 15 години.

Заклучно со декември 2009 година, Владата на Шпанија предвидува раст на стапката на невработеност до 20 проценти во 2009 година, а не се исклучува можноста да достигне и до 25 проценти поради начинот на кој Владата ја врши спецификацијата на купените стоки.Според шпанскиот министер за финансии „Шпанија ќе се соочи со најдлабоката рецесија во средината на овој век“.

Германија Во Германија, функционерите предупредија дека стопанството може да се намали најмногу за 1,5 % во вториот квартал поради падот на нарачките за извоз. Впрочем, германското стопанство се намали и во вториот и во третиот квартал со што Германија влезе во техничка рецесија. Иако за момент таа идеја беше надмината, Ангела Меркел и германската влада одобрија план за спасување од кризата во вредност од 50 милијарди евра со цел да се заштити германското стопанство од кризата. Германското индустриско производство се намали за 2,4 % во мај и е најбрз пад во деценијата. Нарачките опаѓаат веќе 6 месеци во континуитет што се смета за најлошата флуктуација уште од раните '90-ти. Германската стопанска и индустриска комора најави и до 200.000 отпуштања во претстојните месеци. Германската малопродажба опадна за 1,4 проценти во јуни што е повеќе од очекуваното. Германското стопанство се намали за 0,5 проценти во вториот квартал.

Италија, Грција, Португалија Индустриското производство и во Италија и во Грција се намали за 6,6 проценти во изминатата година. Сепак, економијата на Грција ќе продолжи да расте и во 2008 и во 2009 година односно 3,1 процент во 2008 година и 2,5 проценти во 2009 година. Меѓутоа, Грција се соочува со голем предизвик во јавните финансии токму поради кризата.Индустриското производство на Португалија е намалено за 6,2 проценти. Иако земјата се опоравуваше од економската криза во текот на последните неколку години, сепак, се случи затворање на неколку индустриски објекти, една банка беше спасена од страна на државата, а останатите банки покажуваат знаци на значителни немири и бројки на невработеност кои достигнуваат скоро 11 проценти. Во Италија, компанијата Фиат најави затворање на фабриката и привремено отпуштање на фабриките во Торино, Мелфи и Сицилија. Продажбата на коли во Италија опадна за скоро 20 проценти во изминатите два месеци. Синдикатот на работници во автомобилската индустрија во Италија изјави дека „состојбата е очигледно посериозна отколку што е разбрана.“На 10 јули 2008 година, ИСАЕ ги намали очекувањата за растот на италијанската економија од 0,5 на 0,4 проценти. Аналитичарите сметаат дека Италија влегла во рецесија во второто тромесечие или пак на крајот од годината кога деловната доверба постигна најниско ниво со 11-те септ”мвриски напади. Економијата на Италија опадна за 0,3 проценти во второто тромесечие од 2008 година.

Франција, Бенелукс Другите земји од еврозоната, исто така, забележаа пад во нивното стопанство во второто тромесечие: Франција забележа пад од 0,3 проценти, Финска од 0,2 проценти, додека Холандија покажа нулта раст во второто тромесечие.Сепак, конечните проценки објавени од страна на Француската статистичка агенција, покажуваат дека француското стопанство зе зголемило за 0,14 проценти за време на 3то тромесечие притоа едвај избегнувајќи ја техничката рецесија. Во првото тромесечие од 2009 година, Франција падна во рецесија. Со цел да се надмине економската криза, францускиот претседател Никола Саркози најави план за излез од кризата во износ од 26 милијарди евра со дополнителни 15,5 милијарди евра во нормалниот буџет за 2009 година и зголемување на јавниот дефицит на Франција за 4 проценти. Тоа, донекаде, е слично на предлогот на Барак Обамаза поттол на американското стопанство преку инвестирање во инфраструктурата на земјата. Дополнителните предлози вклучуваат даночен попуст за малите бизниси како и олеснување на ограничувањата за градежните дозволи и владини договори, особено во градежништвото.

Тоа се должи на укинувањето на програмата каде купувачите добиваа попуст до 1.000 евра за укинување на старите возила кои го загадуваат воздухот и набавка на нови еколошки автомобили. Како резултат на тоа, продажбата на автомобили во Франција беше за 30 проценти повисока во декември 2008 година во споредба со изминатата година. Бидејќи француските нови автомобили поминаа многу подобро на пазарот како и поради зголемената продажба во Јужна Америка, француските брендови, а особено Рено, сега имаат поголеми акции на пазарот во светот и покрај намалената продажба на автомобили во 2008 година.Уште една високо изложена индустрија е и поморската изградба каде се откажа налог за нарачка на брод за Норвечкиот прекуокеански патнички брод. Со цел да се потполнат празнините во планирањето на изградбите, се очекува дека наскоро, француската влада ќе ја донесе и третата класа на Мистрал бродовите како и други помали бродови кои ќе и служат на француската морнарица. Ова е дел од планот за спаување на Саркози. Компанијата за поморска одбрана во Франција, исто така, го доби и најголемиот договор за извоз со бразилската влада која направи нарачка од 7 милијарди евра. Договорот се однесува на четирите дизел-електрични подморници за напад со конвеционално придвижување нанапред, јадрено придвижување, бродоградилиште и поморската база.