мини|Зградата во која во 1706 г. било основано првото осигурително друштво во светот, „Пријателско општество“ Животното осигурување е еден од двата главни облика на осигурување, покрај неживотното осигурување. Овој тип на осигурување опфаќа осигурување во случај на доживување, осигурување во случај на смрт, мешано осигурување на живот, рентно осигурување и осигурување на живот со поврат на премии. чл.5/точка 19 од Законот за Супервизија на Осигурувања, 27/2002
Животно осигурување во светот Животното осигурување е во голема мерка застапено во светот, а особено во Западните развиени земји, каде оваа традиција трае уште од средината на 19. век. Според истражувањатата од 2007 на SwissreWorld Insurance in 2007 — Swissre.com, водечки држави во животно осигурување се:
Држава Вкупно премии за сите видови осигурувања (по глава на жител во US $) Од тоа во Животно Осигурување (по глава на жител во US $) Процент од сите видови осигурувања кој отпаѓа на Животно Осигурување Ирска 7171 573479,96 Велика Британија 7114 573180,56Холандија6263219235,00Швајцарија5741315955,03Данска5103338166,26Франција4178292870,08Белгија4132297371,95САД4086192247,03Финска3906309379,19Шведска3705264071,26Норвешка3370243972,37Јапонија3320258477,83Канада3054138745,42Австралија3002167455,76Германија2662123446,36Јужна Кореја2384165769,51Русија2096,12,91Бразил20295 47,03Кина69,644,263,50Индија46,640,4 86,70 Извор: World Insurance in 2007 — Swissre.com
Животно осигурување во Македонија Осигурувањето на живот во Македонија е регулирано со Законот за облигационите односи, кој во членовите од 953 до 979 и од 998 до 10121 ги регулира правата на договарачот на осигурувањето и на друштвото за осигурување, како и општите и посебните услови на друштвата за осигурување. Договорот за животно осигурување се смета за склучен кога договорните страни ќе ја потпишат полисата за осигурување. Притоа, договорот е ништовен ако неточно е пријавена староста на осигуреникот. Ако осигуреникот не плати некоја премија, друштвото за осигурување нема право да бара наплата по судски пат, друштвото може да ја намали осигурената сума или да го раскине договорот. Животното осигурување може да се однесува на животот на осигуреникот или на трето лице, а истото важи и за осигурување од несреќен случај. Но, ако осигуреникот намерно го предизвикал несреќниот случај или корисникот на осигурената сума намерно ја предизвикал смртта на осигуреникот, тогаш друштвото нема обврска да ја исплати договорената сума. Исто така, договорената сума не се исплаќа ако смртта настапила во воени операции. По барање на договарачот, друштвото за осигурување може да му исплати аванс при што договарачот е должен да плаќа камата на сумата што е исплатена однапред. Карактеристично за животното осигурување е тоа што тој може да содржи и клаузула за учество во добивката на друштвото за осигурување.Никола Главинче, „Законски решенија во врска со осигурувањето на живот“, Економија и бизнис, година 19, број 233, ноември 2017, стр. 60-62.
Овој вид на осигурување во Македонија правно е заснован и врз Законот за супервизија на осигурувања (Службен весник на РМ - 27/2002) Законот за Супервизија на Осигурувања, 27/2002, а главна регулаторна државна инстанца која го контролира овој вид на осигурување, како и целокупниот пазар на осигурување во Македонија е Агенцијата за Супервизија на Осигурувања (АСО). Мрежно место на Агенцијата за супервизија на осигурувања
Заклучно мај 2019 година, пет друштва имале лиценца од АСО за работа со животно осигурување: АСО - Регистер на Друштва за Осигурување Кроациа осигурување - Живот (во Македонија од 2005) Граве (во Македонија од 2007) ВИНЕР Лајф - Виена Иншуренс Груп (во Македонија од 2011) УНИКА Лајф (Во Македонија од 2011) ТРИГЛАВ Живот (Во Македонија со лиценца за Животно осигурување од 2017)
Наводи
Надворешни врски Единствена Фејсбук страница со сите информации за Животното Осигурување во Македонија на едно место) Агенција за Супервизија на Осигурувања (АСО) Годишен извештај на АСО за 2009 за обемот на работата и премии на Осигурителните компании во Македонија Целиот текст на Законот за супервизија на осигурување Официјална страница на: ГРАВЕ ад Скопје Официјална страница на: КРОАЦИЈА ОСИГУРУВАЊЕ - ЖИВОТ ад Скопје Официјална страница на: ВИНЕР ЛАЈФ ад Скопје Официјална страница на: УНИКА ЛАЈФ ад Скопје
Категорија:Финасии