мини|Грб на универзитетот Кембриџ Кембрички универзитет (неформално Кембриџ) е државен истражувачки универзитет сместен во Кембриџ, Обединето Кралство. Тој е втор најстар универзитет како во Англија така и во англиското говорно подрачје во светот и седми најстар универзитет глобално. Во претходните именувања името на универзитетот бил скратен во Кантаб, скратена форма од Кантабриџиенсис (придавка која потекнува од Кантабриџија, латинска форма на Кембриџ).

Според поранешни записи во 1209 година Универзитетот прерасна од една асоцијација на научници во град Кембриџ кои го напуштиле Оксфорд после еден спор со граѓаните. Двата стари универзитети имаат многу заеднички одлики и честопати се нарекуваат Оксбриџ. Во дополнение на културните и практични асоцијации како историски дел од британското општество, двата универзитети имаат долга историја на соперништво меѓу себе. Академски, Кембриџ се рангира како еден од светските најдобри универзитети како и водечки универзитет во Европа и натпреварувајќи се со Оксфорд за првото место во Англиската лига. Студентите на Универзитетот имаат усвоено повеќе нобелови награди отколку оние од друга институција во светот-со 88 нобелови лауреати како и она од 4 октомври 2010 г. најнова за Роберт Г. Едвардс за награда во психологијата или медицината. Универзитетот е член на Групата Расел за истражување на водечките универзитети во Британија, Групата Коимбра, Лига на Европски Истражувачки Универзитети и Меѓународна Алијанса на Истражувачки Универзитети. Тој го формира делот од „Златниот Триаголник“ на Британските универзитети.

Историја мини|Питерхаус, првиот колеџ основан во 1284 година Статусот на Кембриџ беше зголемен со повелбата во 1231 година на Кралот Хенри 3 на Англија што беше награден со јус нон трахи екстра (право на дисциплина на своите членови) плус некои ослободувања од даноци, а со законот во 1233 од Папата Григор 9 што на студентите од Кембриџ им давал право да предаваат насекаде во Кристендом. Потоа, во писмо од Папата Николас 4 во 1290 година Кембриџ бил опишан како општествени студии и потврден како таков во законот на Папата Јован 22 во 1318 година и станал заеднички за истражувачите од другите европски средовековни универзитети за да дојдат и да го посетат Кембриџ за да учат или да предаваат курсеви.

Основање на колеџите Колеџите во Кембриџ најпрво се случајни одлики на системот. Ниту еден колеџ не е толку стар како самиот универзитет. Колеџите биле одбирани како стипендии на научниците. Има и институции без осигурување наречени хостели. Со векови хостелите постепено се заземени од колеџите, но тие оставиле траги во нивното време, како името на Гарет Хостели Лејн, Хју Балшам, Бишопот од Ели, Питерхаус е првиот колеџ на Кембриџ формиран во 1284.

Многу колеџи биле формирани за време на 14 и 15 век, но истите продолжиле да се формираат со векови па сè до модерните времиња, иако постои празнина од 204 години од формирањето на Сидни Сасекс во 1596 и Доунинг во 1800. Колеџот Робинсон е најново формиран, изграден во доцните 1970-ти. Како и да е, Хомертон Колеџот единствено стекна статус на целосен универзитетски колеџ во март 2010, станувајќи најнов целосен колеџ (претходно бил „Завод“ во склоп на универзитетот). Во средовековието, колеџите биле формирани така што студентите се молеле за душите на основачите. За таа причина тие често биле здружувани со црквите и опатиите. Промена во начинот на гледање на колеџите се појави во 1536 година со распуштањето на манастирите. Кралот Хенри 8 наредил универзитетот да се расформира од Факултетот за Канонско право и да се престане со предавање на “сколастичната филозофија“ Како одговор, колеџите го промениле својот животопис подалеку од канонското право и од класиците, Библијата и математиката. Откако Кембриџ се оддели од Канонското право се оттргна и од католицизмот. Во почетокот на 1520 во контитненталните случувања со лутеранството или попознат како Протестантска Реформација се обидуваа да издржат и покрај постоењето на интелектуален дискурс со универзитетот. Меѓу интелектуалците инволвирани овде беше теолошки влијателниот Томас Кранмер, познат како архепископ на Кантербури. Кога стана погоден за Хенри 8 во 1530 години кралот го довери на Кранмер и другите (во и надвор од Кембриџ) за да создадат нов религиозен пат кој беше потполно различен од католицизмот но и различен од она што Мартин Лутер го имал во ум. Близу еден век подоцна, универзитетот беше центар на еден друг христијански раскол. Многу аристократи, интелектуалци и дури обични луѓе многупати увидоа дека Црквата на Англија е премногу слична на католичката црква, а посебно што била користена од круната за да ги узурпира праведните сили во околиите. Источна Англија беше центар на она што стана Пуританско движење и во Кемриџ беше посебно изразено во Емануел, Свети Катерина Хол, Сидни Сасекс и Христовиот Колеџ. Тие произведоа многу неконформисти дипломци кои имаа големо влијание, преку социјалната позиција или со проповедања, околу 20 000 Пуританци кои ја напуштија Нова Англија и особено колонијата Масачусетс за време на декадата на големата преселба во 1630 г. Парламентарниот командир за време на Граѓанската војна и на чело на Англискиот Комонвелт (1649-1660) Оливер Кромвел, го посетувал Сиди Сасекс.

Математика Од времето на Исак Њутн во доцниот 17 век сè до средината на 19 век, универзитетот одржуваше силно истакнување на применета математика, особено на математичката физика. Студирањето на овој предмет беше обврзувачки за дипломирање и студентите беа обврзани да полагаат испит за дипломиран студент на филозофски факултет, основниот прв степен на Кембриџ за предметите за уметност и наука. Овој испит е познат како Трипос. Студентите што беа наградувани со прва – класа почести и по комплетирањето на математиката Трипос беа нарекувани вранглери (одлични студенти по математика) Математичкиот Трипос на Кембриџ беше натпреварувачки и овозможи да се продуцираат некои од познатите имиња во британската наука, како Џејмс Клерк Максвел, Лорд Келвин и Лорд Рајлеј. Како и да е, некои познати студенти како Г.Х. Харди, не го сакаа системот, чувствувајќи дека луѓето се премногу заинтересирани да се здобијат со оценки по испитите, а не се заинтересирани за самиот предмет. И покрај разновидноста во истражувањето и предавањата, Кембриџ денес одржува сила во математиката. Дипломираните студенти на Кембриџ освоија 5 медали Филд во областа и една Абел награда за математика, додека пак индивидуалците кои го претставуваа Кембриџ освоија 4 медали Филдс. Универзитетот го има и специјалниот Сертификат за напредни студии по Математика. Чистата математика, нема толку силна страна на Кембриџ. Чистиот приод има многу мало влијание во Обединетото Кралство уште од 20 век (почнувајќи од пионерската работа на Г.Х.Харди и неговиот соработник Ј.Е. Литлвуд), наспроти суштинскиот развиток во континентална Европа (особено Франција, Германија и Русија) за време на 19 век. Навистина, дури до 1950 математиката во Кембриџ останува релативно индиферентна на пост-Бурбаки абстрактноста фаворизирана во континентална Европа и САД (класична аналитичка теорија за броевите, на пример, остана во примарниот фокус). Лукасовиот стол е типичен испит за физичари.

Придонесот за напредување на науката Многу од најзначајните научни откритија и револуции беа направени од студентите на Кембриџ. Тие ги вклучуваат: • Разбирањето на научниот метод од Францис Бекон

• Законите на движењето од Сер Исак Њутн

• Откривањето на електронот од Џ.Џ. Томсон

• Делбата на атомот од Ернест Рудерфорд и на јадрото од Сер Џон Коккрофт и Ернест Волтон

• Унификација на електромагнетизмот од Џејмс Клерк Максвел

• Откривањето на водородот од Хенри Кевендиш

• Теоријата на еволуцијата со природна селекција од Чарлс Дарвин

• Математичка синтеза на Дарвиновата селекција со Менделова генетика од Роналд Фишер

• Турингова машина, основен модел за компјутер од Алан Туринг

• Структурата на ДНК од Франсис Крик и Џејмс Д. Ватсон

• Пионерска квантна механика од Пол Дирак

Образование на жените Најпрво, на универзитетот биле примени само мажи студенти. Првите колеџи за жени биле Гиртон Колеџ (основан од Емили Дејвис) во 1869 и Њувнхам Колеџ во 1872 (основан од Ана Клог и Хенри Сидгвик), потоа следуваат Хјуџис Хол во 1885 (основан од Елизабет Филипс Хјугис како Кембриџ Колеџ за Предавање за Жени), Њу Хол (подоцна преименуван Муреј Едвардс Колеџ) во 1954 и Луси Кевендиш Колеџ. Првите жени студенти биле тестирани во 1882 година но обидот да се направат жените полноправни членови на универзитетот не бил успешен сè до 1947. И покрај тоа што до 1921 Кембриџ не давал дипломи за жените, сепак од 1881на жените им било дозволено да учат на курсевите, да полагаат и да се регистрираат; за кратко по 20 век било дозволено на најупорните да добијат „почесни дипломи“ од Универзитетот во Даблин. Подоцна, на жените им било дозволено да добијат „титуларна диплома“ иако не им било одбиено да им се признаат квалификациите, без потполна диплома тие биле изземени од водењето на универзитетот. Бидејќи студентите морале да припаѓаат на колеџ, и бидејќи биле основани колеџи кои останале затворени за жени, жените нашле влез ограничен за колеџи формирани само за жени. Почнувајќи со Колеџот Черчил, меѓу 1972 и 1988сите од машките колеџи почнале да примаат жени. Женскиот колеџ Гиртон од 1979 почнал да прима машки студенти но други женски колеџи не го следеле тој тренд. Како резултат на Свети Хилда Колеџ, Оксфорд завршил со забрана за машки студенти во 2008 г., Кембриџ сега останува со колеџи кои одбиваат да примат мажи со три такви институции (Њунхам, Муреј Едвардс и Луси Кевендиш). Во академската 2004-5 универзитетската скала за односот машки – женски вклучително и постдипломците било 52% мажи и 48 % жени.

Митови, легенди и традиции Како институција која има долга историја, Универзитетот разви голем број на митови и легенди. Многу од нив не се вистинити, но и покрај тоа тие се пропагирани од генерации студенти и туристички водичи. Прекинатата традиција за дрвената лажица, награда Што била давана на студентот со најниска оценка на последниот испит за Математичкиот Трипос. Последна ваква лажица била дадена во 1909 година на Кутберт Лемприер Холтхаус, веслач во Клубот за веслање на Лејди Маргарет на Колеџот Сент Џорџ. Таа била еден метар долга и имала рачка во вид на весло. Може да се види надвор во Сениорската Комбинирана Соба на Сент Џорџ. Од 1909 година резултатите биле објавувани по азбучен ред по класови отколку по бодови. Тоа оневозможило да се дознае кој е добитник на лажицата(освен ако има само еден човек во третиот клас) на тој начин и оваа пракса била напуштена. Секој Божиќ, радиото и телевизија ББС го прикажувал Фестивалот на Деветте Лекции и Хорот од Кралскиот Колеџ, Кембриџ. Радио прикажувањето било национална Божиќна традиција откако било првпат прикажано во 1928 (а фестивалот постоел од 1918 година). Радио прикажувањето се емитува насекаде во светот преку ББС Светскиот Сервис и исто така се прикажува на стотина радиостаници во САД. Првото телевизиско прикажување на фестивалот било во 1954 г.

Организација Колеџи