Јован III Аин бил византиски свештеник и охридски архиепископ во периодот од 1078 до 1084 година. Тој бил архиепископ на Охридската архиепископија по потекло од Византија.

За неговото дело денеска многу малку се знае. Пред да застане на охридскиот престол, тој бил игумен во манастир кој се викал Ариција, кој се смета дека се наоѓал во близина на денешниот град Видин во Бугарија. На архиепископскиот престол се качил по смртта на Јован II Лампин, со помош на византискиот цар Никифор III.

Наводи

Категорија:Византијци од 11 век Категорија:Архиепископи од 11 век Категорија:Охридски архиепископи