мини|десно|300п|Гробот на Петре Андреевски во с. Слоештица
Петре Мито Андреевски (, — , ), попознат како Петре М. Андреевски — македонски поет, романописец, раскажувач и драмски автор. Се вбројува меѓу најдаровитите, а воедно и најпопуларните македонски поети и раскажувачи. Неговите приказни се честопати необични и чудно испреплетени, но во особеноста на својата упатеност кон читателот, раскрилуваат еден познат и близок свет, што го препознаваме како ехо на дамнешни, напати, темни кажувања. Во мај 2000 година, тој бил избран за редовен член на МАНУ.
Животопис Петре М. Андреевски е роден во демирхисарското село Слоештица, во 1934 година. Основно образование завршил во родното село, гимназија во Битола, а студирал на Филозофскиот факултет во Скопје, на групата по југословенска книжевност.Петре М. Андреевски, Дениција, Три, Скопје, 2005, стр. 69.„Белешка за авторот“, во: Петре М. Андреевски, Последните селани (второ издание), ЗУМПРЕС, Скопје, 1999, стр. 267. Работел во Македонската телевизија, а бил и уредник на списанието „Разгледи“. Андреевски бил член на Македонската академија на науките и уметностите, на Македонскиот ПЕН центари на Друштвото на писателите на Македонија (од 1964 година, a во 1983 година бил и негов претседател)Петре м. Андреевски, Пиреј, Табернакул, Скопје, 2002, стр. 263.. Петре М. Андреевски почина на 25 септември 2006 година во Скопје. По неговата смрт, на 9 октомври 2007 година, Претседателот на Република Македонија, Бранко Црвенковски, посмртно му доделил Орден за заслуги за Македонија, за исклучителниот придонес во развојот и зацврстувањето на македонскиот дух и националната самобитност.
Во 2022 година, во родното село Слоештица, била отворена Спомен-соба во негова чест.
Книжевно творештво Творештвото на Андреевски е разновидно и опфаќа: романи, поезија, раскази, драми, есеи и детска книжевност. Неговите дела се преведени на повеќе јазици: српски, хрватски, француски, романски, англиски, шпански, јапонски итн. Во два наврати (1984 и 2002 година) биле објавени одбраните дела на Андреевски, во пет и во шест тома, соодветно.
Стихозбирки: Јазли (1960) И на небо и на земја (1962) Дениција (1968) Дални наковални (1971) Пофалби и поплаки (1975) Вечна куќа (1987) Лакримариј (1999)
Збирки раскази: Седмиот ден (1964) Одбрани раскази (1970) Неверни години (1974) Сите лица на смртта (1994) Боеми (посмртно)
Романи: Пиреј (1980) Скакулци (1983) Небеска Тимјановна (1988) Последните селани (1997) Тунел (2003) Бежанци (посмртно)
Книга со драми (1984), во која влегуваат: Време за пеење Богунемили
Есеи: Сегашно минато време (2006)
Стихозбирки за деца: Шарам барам Касни - порасни (сликовница)
Интервјуа: Тогаш така реков (2006)
Награди Андреевски бил добитник на наградите: „11 Октомври“ (во 1968 година), „Браќа Миладиновци“ (двапати), „Рациново признание“ (двапати) и „Стале Попов“ (двапати). Романот “Пиреј“ македонската критика го прогласи за ремек-дело на македонската современа проза, а збирката “Дениција“ ја има означено како химна на космичката љубов, химна на жената и татковината и златна книга на македонскиот модернизам.
2007 - посмртно одликуван со Орденот за заслуги за Македонија.
Значење и влијание На Петре М. Андреевски се посветени песната „Дални наковални“ на Васил ТоциновскиНикола Алтиев, „Поезија со докажани вредности“, Современост, број 3, 2023, стр. 113. и „Пиреј“ на Анте Поповски.Анте Поповски, Поезија. Наша книга, Скопје, 1990, стр. 110.
Наводи
Поврзано Пиреј Македонска книжевност
Категорија:Македонски романописци Категорија:Носители на Орденот за заслуги за Македонија Категорија:Добитници на наградата „11 Октомври“ Категорија:Добитници на наградата „Рациново признание“ Категорија:Добитници на наградата „Стале Попов“ Категорија:Добитници на наградата „Браќа Миладиновци“