Доротеј I бил византиски свештеник и охридски архиепископ најверојатно во периодот по 1452 година или подоцна. Тој бил архиепископ на Охридската архиепископија по потекло од Византија.

Султанот Мехмед II во 1466 година наредил во ЦариградИмето на градот во тоа време на турски било Константиние (قسطنطينيه). Официјалното име на градот било променето во Истанбул од страна на Републиканската Турска влада, на 28 март 1930. да бидат депортирани охридскиот архиепископ Доротеј, заедно со многу охридски клерици и болјари, најверојатно поради нивното антиосманлиско дејствување за време на востанието на Скендербег.

Го ангажирал познатиот книжевник Димитар Кратовски да го препише словенскиот „Номоканон“ за потребите на Охридската архиепископија. Во негово време црквенословенскиот јазик бил во употреба и во архиепископската канцеларија.

Белешки

Наводи

Категорија:Византијци од 15 век Категорија:Архиепископи од 15 век Категорија:Охридски архиепископи