Ананиј бил православен свештеник и охридски архиепископ во период во 1763 година.

Ананиј, е роден во Цариград. Како јеромонах, бил велик протосингел на Цариградската патријаршија. По смртта на архиепископот Еремија, неговиот избор за охридски архиепископ бил наметнат од цариградскиот патријарх Јоаникиј III и востоличен во цариградската црква Свети Ѓорги, во 1763 година. Но охриѓани одбиле да го примат и веднаш бил разрешен.

Наводи

Категорија:Архиепископи од 18 век Категорија:Православни епископи од 18 век Категорија:Охридски архиепископи