„Call Me When You're Sober“ e песна од американската рок група Evanescence. Оваа песна е првиот сингл од вториот студиски албум на групата The Open Door која се појавила на 25 септември 2006. Напишана е од Ејми Ли и Тери Балсамо и во неа се зборува за поранешното момче на Ејми, Шон Морган - член на групата Seether. Сестрите на Ејми - Кери и Лори, се појавуваат како следечки вокали. Песната стана втор најуспешен сингл на бендот заземајќи го 10. место на Билборд хот 100 листата. Го зазеде 10. место на Билборд хот 100 листата и 4. место на списокот на Алтернативни песни.
Издавање Песната е пуштена на радио на 30 јули 2006, со што неколку радио станици ја пуштиле песната порано. Песната можела да се спушти дигитално на 15 август, а официјално е издадена како сингл на 25 септември.
Наскоро почнале озборувања дека Wind-up одбрале да ја издадат песната како сингл самите, што Ејми Ли го негирала во нејзината порака на Evboards:
Песната се искачила на #10 на VH1 „Топ 40 од 2006.“ Исто така се искачила на #77 на табелата на крајот на годината на Билборд, пониска позиција отколку претгодните синглови на бендот, „Bring Me to Life“ и „My Immortal.“ Се искачил и на #5 на списокот за најсвирени песни во 2007 на ARIA. Добил Платинска сертификација од RIAA на 17 февруари 2009, со продадени повеќе од 1 милион копии.
Заднина Песната е една од последните напишани за албумот The Open Door.
Во песната се работи за поранешното момче на Ејми Ли, Шон Морган, главниот вокал на групата Seether, и се работи за неговата „љубов“ кон алкохолот. Ли ја објаснила темата на песната во интервју за VH1:
Музичко видео Музичкото видео за песната е режиран од Марк Веб и беше прикажуван на MTV, MTV2, VH1 и Fuse. Спотот е заснован на приказната за Црвенкапа. Во интервју зад сцените на спотот, режисерот сакал Ејми Ли да му ги расчекорува нозете на својот „поранешен љубовник“ во видеото, но таа одбила да го прави тоа.
Во спотот се прикажани Ејми Ли и нејзиното „поранешно момче“ кое го глуми британскиот глумец Оливер Гудвил како седат на маса поставена со јадење. Бендот и Ејми се прикажани како ја изведуваат песната.
Отпрвин било испланирано видеото да биде снимано кон крајот на јуни, но било одложено бидејќи сè уште не било почнато да се снима дури до втората недела од јули. Премиерата на видеото била на 7 августо, 2006, на MTV2 во САД, и на MuchOnDemand во Канада. Се искачило на #1 на TRL на MTV.
Список на песни ЦД сингл Издаден септември 2006 Сите песни се напишани од Ејми Ли и Тери Балсамо ЦД еден:
ЦД два:
Винил сингл издаден во септември 2006
Табели Табела (2006)НајвисокапозицијаСАД Билборд Хот 100</small>10САД Билборд Поп 100</small>10САД Билборд Хот Мејнстрим Рок Песни</small>5САД Билборд Хот Модерни Рок Песни</small>4САД Билборд Adult Топ 40</small>8Австралија ARIA Top 50 Синглови5Канадски Топ 100 Airplay3Табела (2006)НајвисокапозицијаФранција Топ 100 Синглови20Германија Топ 100 Синглови13Ирска Топ 50 Синглови13Италија Топ 50 Синглови3Нов Зеланд RIANZ Топ 40 Синглови3ОК Топ 75 Синглови4
Наводи
Надворешни врски Официјална страница на Evanescence Официјална страница на Evanescence во Обединетото Кралство Музичко видео
Категорија:Песни од Evanescence Категорија:Песни напишани од Ејми Ли Категорија:Синглови од 2006