„Bring Me to Life“ е песна од американската рок група Evanescence. Издадена е на 22 април 2003 и е прв сингл од нивниот прв албум Fallen. Таа е една од песните во филмот Daredevil.http://itunes.apple.com/us/album/daredevil-the-album-original/id319364445 Во настапите во живо наместо Паул Мекој следечки вокал на Ејми Ли е Џон Лекомп. Песната е напишана од Ејми и Бен Муди. Оваа песна е најуспешниот хит на бендот. Се има искачено на 15 интернационални листи, и има освоено Греми Награди за Најдобра Хард Рок Изведба и на 46 Греми награди.
Издавање Песната е издадена на 22 април 2003 како прв сингл од нивниот прв албум Fallen. Отпрвин песната „Going Under“ требало да биде прв сингл, но бидејќи „Bring Me to Life“ требало да се појави во филмот Daredevil, „Going Under“ станал втор сингл на бендот. Б-страна на песната „Bring Me to Life“ е песната „Farther Away“ (верзијата од албумот Fallen, за која немало место да се појави во првиот албум, па била префрлена во албумот во живо Anywhere but Home).
Порани верзии од „Bring Me to Life“ биле снимани во демо албумите на бендот, пред да се издаде нивниот прв студиски албум, и сите верзии имале поразлични звуци отколку денешната верзија. Акустичната верзија е снимена на Bring Me To Life ДВД. И пораните верзии на песната се издадени како ремикс и акустична верзија. Верзијата во живо на песната се наоѓа во албумот во живо Anywhere but Home, каде Ејми Ли на почетокот свири на пијано и пее, а наместо Паул Мекој, следечки вокал е Џон Лекомп.
„Bring Me to Life“ се искачил на #73 место на Billboard табелата за 'Најдобри Рок Песни во 2000-те' и е единствен случај каде бенд на чело со женски вокал се има искачено.
Појава на песната Ејми Ли изјавила дека песната има повеќе значења.„Јас бев инспирирана да ја напишам песната кога еден човек ми рече нешто — Јас не го познавав па помислив дека е можеби, видовит," кажала Ејми за време на пауза од турнејата во Тулса за The Boston Phoenix. "Јас бев во врска и бев многу несреќна. Но го криев тоа. Бев малтретирана, но го криев тоа; Не сакав дури ни да си го признаам тоа на самата себеси. Па позборував можеби 10 или 15 зборови со тој човек, кој беше пријател на еден мој пријател. Ние ги чекавме другите да дојдат, влеговме во ресторан и седнавме на маса. Тој ме погледна и ми рече, ‘Дали си среќна?’ Јас почувствував дека срцето ми чука брзо, и помислив дека тој знае што мислам јас. И го излажав, му реков дека сум добра. Тој не е видовит.“ Другото значење е за „будењето од сите нешта кои ги пропуштате одамна“.
Подоцна таа во интервју наречено „Amy Lee: Back In Black“ изјавила дека песната била посветена на тогашниот пријател, а денешен сопруг Џош Хартзлер.
Музичко видео За песната набрзо е снимено и музичко видео кое стана хит на MTV каде што се прикажуваше. Во ова видео е прикажана Ејми како спие на врвот на висока зграда. Истовремено остатокот на бендот свири во соседната зграда. Ејми сонува како паѓа од зградата, но ќе се разбуди кога ќе почне рефренот на песната. Таа ќе се искачува низ зградата додека не стигне до прозорецот на зградата каде што свири бендот. Паул Мекој тогаш ќе го отвори прозорецот и таа ќе почне да паѓа, но паѓајќи ќе се фати за работ на прозорецот. Следи делот каде Ејми и Паул пејат заедно, но Ејми нема да се спаси и ќе падне од зградата. На крајот од спотот таа ќе се разбуди; сето тоа било кошмар.
Други верзии Џош Теш издал инструментална верзија на песната на албумот од 2007, A Passionate Life. Класичната пејачка од Велс, Кетрин Џенкинс, ја препеала песната на нејзиниот албум Believe. Германскиот бенд Gregorian издале друга верзија на песната на нивниот албум од 2010, Dark Side of the Chant.
Список на песни Сите песи се напишани од Бен Муди, Ејми Ли, и Дејвид Хоџес, освен ако нема забелешка.
ДВД Bring Me To Life - Видео Bring Me To Life - Албум верзија Bring Me To Life - Аксутична верзија во живо My Immortal - Аксутична верзија во живо Интервју
Табели „Bring Me to Life“ се искачил во топ 10 во повеќе од 15 држави ширум светот и во топ 20 во неколку други земји со што тој станал најуспешниот сингл на бендот до денеска. Добил Платина во 2003, со повеќе од 1 милион продадени копии во САД. Си искачил во првите песни на табелата Билборд Алтернативни Песни и на Поп 100 каде останал неколку недели, а се искачил и на #5 на Билборд Хот 100. Исто така се искачил на #4 на табелата за Возрасни Поп Песни. Песната исто така се искачил на табелите на христијанскиот рок, бидејќи текстот бил протолкуван како повик за повторно раѓање на Исус Христот од неколку слушачи. Песната исто така имала голем успех надвот од САД, искачувајќи се на првите места во Австрија, Белгија, Италија и Обединетото Кралство, во првите 5 во Австрија, Канада, Франција, Ирска, Германија, Нов Зеланд, Норвешка, Холандија и Шведска. Синглот се искачил меѓу првите 20 и во многу други држави.
Табела (2003)НајвисокапозицијаАвстралија1Австрија3Белгија (Фландрија)7Белгија (Валонија)2Канада3Данска2Холандија6Европски Хот 100 Синглови1Финска11Франција5Германија2Ирска2Италија1Нов Зеланд3Норвешка2Шведска2Швајцарија6Обединето Кралство1U.S. Билборд Хот 1005U.S. Билборд Модерни Рок Песни1U.S. Билборд Мејнстрим Рок Песни11U.S. Билборд Мејнстрим Топ 401Табела (2004)НајвисокапозицијаКанада3Табела (2006)НајвисокапозицијаСАД Билборд Хот Дигитални Песни35Табела (2009)НајвисокапозицијаОбединето Кралство97Табела (2010)НајвисокапозицијаИталија81
Сертификации {| class="wikitable" |- ! Држава ! Сертификација |- | Германија | Злато |- | САД | Платина
Наводи
Категорија:Песни од Evanescence Категорија:Синглови од 2003 Категорија:Песни напишани од Ејми Ли Категорија:Песни напишани од Бен Муди Категорија:Песни напишани од Дејвид Хоџес