Павле Илиев или Павле Раковски (, Павлос Илија Раковитис) — андартски капетан и учесник во Борбата за Македонија.

Биографија

Павле Илиев е роден во леринското село Раково, Леринско. Во 1905 година се приклучил на грчката вооружена пропаганда и влегол во андартската чета на Евтимиос Каудис, кој дејствувал во околината на Баба Планина. Оваа чета на двапати имала судир со четите на Македонската револуционерна организација. Илиев подоцна преминал во четата на Георгиос Макрис и станал негов заменик.

По тешкото ранување на Макрис во 1906 година кај Магарево, Илиев застанал на чело на четата и заедно со четите на Георгиос Цондос (Вардас) и Јоанис Каравитис ги обиколувал Корешница и Пелагонија.

десно|мини|250п|Стефос Григориу, Стојан Цицов и Павле Илиев.

На 21 октомври 1906 година Илиев заедно со андарскиот капетан Симо Стојанов (Симос Јоанидис) влегол во селото Кладороби, по влегувањето на андратските чети биле убиени двајца селани, тројца биле ранети, а една куќа била запалена.Δ. Λιθοξόου - Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Φλώρινας / Κ

На 8 октомври 1907 година четите на Петар Ацев, Ѕоле Стојчев и Крсто Љондев го нападнале родното село на Илиев, Раково, во нападот бил убиен таткото на Павле Илиев, а биле запалени 70 куќи. Во ноември 1908 година Илиев го убил војводата Димко Николов.Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 48.

Илиев поради своите ајдучки манири дошол во судир со грчкиот комитет. На 13 октомври 1908 година Илиев бил убиен од Младотурците.Ιερός Αγών13 ΟΚΤΩΒΡΙΟΥ 1908 ΞΕΚΙΝΑΕΙ ΣΥΣΤΗΜΑΤΙΚΗ ΕΞΟΝΤΩΣΗ ΤΩΝ ΕΛΛΗΝΩΝ ΟΠΛΑΡΧΗΓΩΝ

По Павле Илиев е именуван силогосот во родното му село,Δήμος Κάτω Κλεινών а во 1960 година е подигната негова биста."Εκεί που χάνονται τα αγάλματα". Κυριακάτικη Ελευθεροτυπία, 26/11/2000.Νικολάου Λούστα, "Οι Μακεδόνες καπετάνιοι Σίμος από τα Άλωνα και Παύλος Ρακοβίτης μιλούν σε απόρρητη έκθεσή τους", Μακεδονική Ζωή, τ. 207 (1983), σσ. 34-36.Γεωργίου Δικωνύμου Μακρή, "Ο Μακεδονικός Αγών (Απομνημονεύματα)", Θεσσαλονίκη 1959, σσ. 36, 38, 300, 303

Наводи

Илиев Павле Категорија:Гркомани Категорија:Починати во 1910 година