За други значења на поимот видете ја страницата за појаснување.
Свети Евстахиј Антиохиски е христијански светец и Патријарх на Антиохија во текот на 4 век. Тој учествувал на Првиот вселенски собор во Никеја во 325 година, каде заземал позиција против аријанството. Заедно со останатите отци Евстатиј проповедал дека според Божествената суштина Исус Христос како Син Божји е рамен на Отецот и на Светиот Дух.
По смртта на Константин Велики, ариевците повторно започнале немилосрдно да го гонат православието. Свети Евстатиј бил симнат од неговиот престол и протеран најпрво во Тракија, а потоа во Македонија.
Починал во 345 година.
Категорија:Антиохиски патријарси Категорија:Сириски светци Категорија:Римокатолички светци од Сирија Категорија:Римјани од 4 век Категорија:Архиепископи од 4 век Категорија:Христијански светци од 4 век Категорија:Црковни учители Категорија:Црковни отци