алт=Од Менологион на Василиј II|мини|Од Менологион на Василиј II Павле I Цариградски е христијански светец и Цариградски патријарх во периодот од 336 до 340 година.
Павле е роден во . Според христијанската традиција, кога патријархот Александар Цариградски лежел на смртна постела, го прашале кој сака да му биде наследник, на кое тој одговорил:
Народот го избрал Павле. Но ова не им било право на аријанските кривоверци ниту на царотКонстанциј II, кој во тоа време бил во Антиохија. Наскоро Павле бил симнат од престолот, и тој заедно со Свети Атанасиј Велики побегнал во Рим, каде што обајцата биле убаво примени од Папа Јулиј I и од царот Констанс I, кои ги поддржале во нивната православна вера. На писмо од царот Констанс и папата Јулиј, Павле бил вратен на престолот, но кога починал царот, аријанците успеале да го протераат православниот патријарх во Кукуз во Ерменија. Во прогонство Свети Павле еднаш служејќи литургија бил нападнат од аријанците и удавен со омофорот, во година.
Во времето на царот Теодосиј I неговите мошти во 381 година биле пренесени во Цариград, а во 1236 година во Венеција, каде што се наоѓаат и денес.
Наводи
Категорија:Вселенски патријарси Категорија:Грчки светци Категорија:Епископи од 4 век Категорија:Ранохристијански контроверзии Категорија:Луѓе од Солун Категорија:Римјани од 4 век Категорија:Христијански светци од 4 век Категорија:Римокатолички светци од Грција Категорија:Родени во непозната година Категорија:Цариградски архиепископи Категорија:Православни светци Категорија:Византиски теолози