мини|Колеџот Мертон, граден помеѓу 1288 и 1378 година Оксфордски универзитет (неформално само Оксфорд) — универзитет кој се наоѓа во Оксфорд, Обединетото Кралство.Тој е третиот по ред најстар, преостанат универзитет во светот, по универзитетите во Болоња и Париз и најстариот универзитет во англиското говорно подрачје. Точниот датум на основање останува нејасен, постојат докази кои сведочат дека таму се учело уште во 11 век. Универзитетот значитело се зголеми од 1167 година кога Хенри II ги приклучи англиските студенти кои учеа на Универзитетот во Париз.Формално ,Универзитетот Оксфорд историски е скратено и преименувано во Оксон.(од латински Оксониенсис),меѓу другото денес официјално во јавноста е познат како Оксф.По полемиките помеѓу студентите и граѓаните на Оксфорд во 1209 година,некои професори побегнаа североисточно во Кембриџ ,каде што го основаа Универзитетот Кембриџ. Двата „ древни универзитети”имаат многу заеднички одлики и често се спомнувани заедно како Оксбриџ.Покрај културните и практичните здруженија како дел од историјата на Британското општество ,двата универзитета имаат долга меѓусебна соперничка историја.Повеќето додипломски предавања на Оксфорд се организирани така што се засновани на писмен есеј,еднаш неделно под раководство на ментори од самостојни колеџи и сали(предавални),поддржани од предавања и лабораториски часови ,овозможени од факултети на Универзитетот и катедри. Табелите постојано го запишуваат Оксфорд како еден од најдобрите Британски универзитети и Оксфорд постојано се рангира во десетте најдобри светски универзитети.Универзитетот е член на Групата Расел(Расел Бернард-Британски филозоф)за истражување ,предводена од Британски универзитети,Групата Коимбра,Сојузот на Европските Истражувачки Универзитети ,Меѓународната Алијанса на Истражувачки Универзитети и исто така е основен член на Европаеум.Формира дел од „Златен Триаголник” на Британски универзитети.Повеќе од еден век ,служеше како дом на Стипендијата Родос,која што им овозможува на студенти од многубројни држави да студираат на Оксфорд како постдипломци или второ степени студенти.

Историја Универзитетот Оксфорд нема точна дата на основање. Предавањата на Оксфорд се одржуваат уште од 1096 година. Исклучувањето на странците од Универзитетот во Париз во 1167 година, предизвика многу Англиски студенти да се вратат од Франција и да се преселат во Оксфорд. Историчарот Жерард од Велс им предавал на студентите во 1188 година. Првиот студент од странство, Емо од Фризија, пристигна во 1190 година. Водството на Универзитетот назначи ректор од 1201 година и магистрите беа познати како универзитас или раководството во 1231 година.

Студентите се здружија, на основи на географските потекла, во две „нации”, претставувајќи го Северот (вклучувајќи ги Шкотланѓаните) и Југот (вклучувајќи ги Ирците и Велшаните).H. Rashdall, Universities of Europe, iii, 55–60. Во подоцнежните векови,географските потекла продолжија да влијаат на многу студентски афилијали, кога членството во колеџ или сала стана вообичаено во Оксфорд. Припадници на многу религиски редови,вклучувајќи Доминиканци, Фрањевци, Кармелити и Августинијанци населени во Оксфорд во средината на 13 век, станаа влијателни и задржаа студентски домови.Christopher Brooke, Roger Highfield. Oxford and Cambridge. Во исто време, приватните добродетели основаа колеџи да им служат како заедници за независно (научно) списание. Меѓу првите беа Вилијам од Дурхам, кој во 1249 година го потпомогна Универзити колеџ и Џон I Де Балиол,татко на иднината Крал на Шкотланѓаните:Колеџот Балиол го носи неговото име. Друг пронаоѓач, Валтер Де Мертон, канцелар на Англија и понатаму Бискуп на Рочестер, смисли серија прописи за студентскиот живот; Колеџот Мертон стана пример за создавања на Оксфорд како и Универзитетот Кембриџ. Потоа, голем број студенти се откажаа од живеењето во салите и религиозните куќи и за да живеат во колеџите.Новото учење на ренесансата одлично влијаеше на Оксфорд од доцниот 15 век, па натаму. Меѓу Универзитетските интелектуалци на периодот беа Вилијам Гроцин,кој придонесе за повторното заживување на Грчкиот јазик и Џон Колет ,познатиот библиски интелектуалец. Со подобрувањето и кршењето на врските со Римокатоличката црква, Католичките Дисидентски интелектуалци од Оксфорд побегнаа во континентална Европа, населувајќи се особено на Универзитетот во Дуеј.Методот на предавање на универзитетот беше трансформиран од средниот Образовен метод во Ренесансно учење, сепак институциите поврзани со универзитетот претрпеа загуби на земја и приходи. Во 1636 година, Канцеларот Вилијам Лауд, архибискуп на Кантербери, ги кодифицира универзитетските статути;овие во голема мера останаа универзитетските владини прописи сè до средината на 19 век. Лауд исто така беше одговорен за субвенционирање на издавањето на безбедносни привилегии за Оксфордскиот Универзитетски печат и тој даде значајни придонеси за библиотеката Бодлеиан,најголемата библиотека на универзитетот.

Универзитетот беше центар на Ројалистичката Партија за време на Англиската Граѓанска Војна (1642-1649)година, додека градот ги поддржа парламентарците од опозицијата. Од средината на 18 век па натаму, сепак Универзитетот Оксфорд зазема мало учество во политички конфликти.

Средниот 19 век го проследи влијанието на Оксфордското движење(1833-1845)година,предводено меѓу другите од иднината Кардинал Њуман.Влијанието на реформираниот модел на Германскиот универзитет го достигна Оксфорд преку клучните интелектуалци како Бенџамин Џовет и Макс Милер. Административните реформи за време на 19 век вклучија заменување на усните испити со писмени приемни тестови,поголема толеранција за религиските несогласувања и oсновање на четири женски колеџи.Одлуките на Личниот Совет во дваесеттиот век(како што се принудното укинување на дневната литургија,дистанцирање на професорот по хебрејски од свештеничкиот статус,одвраќање од теолошкото наследство за колеџите за други цели)разлабавување на врските со традиционалните верувања и вежби.Сепак акцентот на универзитетот традиционално беше на класично знаење,неговиот наставен план се прошири во текот на 19 век за да опфати научни и медицински студии. Средината на 20 век беше проследена со истакнати континентални научници,преселени од Нацизмот и Комунизмот во Оксфорд. Списокот на различните студенти на Оксфорд е долга и вклучува многу што имаат дадено поголеми придонеси за Британските политики,науките,медицината и литературата. Повеќе од четириесет Нобелови поети и повеќе од педесет светски водачи се здружени во Универзитетот Оксфорд.

Образованието на жените Универзитетот добива Статут во 1875 година ,овозможувајќи им на своите делегати да направат подготвителни и конечни тестови, приближно за додипломско ниво.Првите четири колеџи за жени беа основани благодарение на активизмот на Здружението за промоција на Високото Образованието на Жената.Лејди Маргарет Хол(1878 година) потоа ,Колеџот Самервил во 1879 година, првите 21 студенти од Самервил и ЛМХ следеа предавања во простории над Оксфордската пекарница. По првите два колеџи за жени следеа Свети Хју во (1886 година),Свети Хилда (1893 година) и Колеџот Свети Ана (1952 година).

Оксфордската мисла долго беше сметана за бастион на машката предност и квоти со женски студенти ,беа формирани од Универзитетските професори во 1927 година,со утврдување на уписот на жените за околу четвртина од вкупниот број ,владејачката класа не се укина сè до 1957 година. Жените имаа потполно право да бидат рамноправни членови на универзитетот и можеа да дипломираат од седми Октомври 1920 година.Женските факултети се здобија со статус во 1959 година. Пет ,претходно машки колеџи ,станаа мешани (машки и женски)колеџи ,во 1974 година.Од 2008 година,кога Колеџот Свети Хилда го прими првиот машки студент ,сите колеџи на Оксфорд станаа мешани.Во 1988 година ,40% од додипломците на Оксфорд беа женски ,соодносот сега е околу 48:52 во прилог на мажите.

Организација Како колегијален универзитет,структурата на Оксфорд може да биде збунувачка за оние кои не ја познаваат.Универзитетот е федерација:опфаќа преку четириесет самостојни колеџи и сали ,со централна администрација под раководство на Про-Декан .Универзитетските катедри се сместени централно во оваа структура;тие не се здружени со кој било посебен колеџ.Катедрите овозможуваат средства за предавање и истражување,утврдување на наставната програма и упатства за предавањата на студентите,спроведување на истражувања и одржување предавања и семинари.Колеџите ги организираат менторските часови за нивните студенти.Членовите на Универзитетските катедри се распределени низ многу колеџи;сепак одредени колеџи имаат израмнување на предмети(пр:Колеџот Нуфилд е центар за општествени науки),овие се исклучоци и повеќето колеџи ќе имаат разновиден микс од академици и студенти од различен избор на предмети.Средствата како библиотеки се овозможени на сите нивоа:од централниот универзитет (Бодлеиан),од страна на катедрите(одделните библиотеки на катедрите,како што се Англиската Факултетска Библиотека)и од колеџите(секојшто одржува мулти-дисциплинарна библиотека за користење од страна нејзините членови).

Централно раководство Официјален шеф на универзитетот е Деканот (моментално Лорд Патен од Барнс), како и со многу Британски универзитети, Деканот е номинален водач, повеќе од некои кои секојдневно работат на универзитетот. Деканот е избран од членовите на Советот, тело кое се состои од сите дипломирани на универзитетот и таму имаат кабинет до крајот на нивниот живот.

Про-Деканот, во моментот Ендрју Хамилтон, е де факто шеф на универзитетот.Пет Про-Вице–Декани имаат специфични одговорности за Образување;Истражување;Планирање и Ресурси;Развој и Надворешни Прашања;и Кадар и Еднакви Можности.Универзитетскиот Совет е главно тело за создавање политики ,којшто се состои од Вице Декан како и шефови на катедри и други членови избрани од Сенатот, во согласност со експертите од Сојузот на Студентите.Унуверзитетскиот Сенат , „парламентот на универзитетските професори”,се состои од над 3,700 членови на Универзитетот и административен персонал и има најголема одговорност за правните работи:расправа и ги прогласува политиките предложени од Советот на Универзитетот.Оксфорд и Кембриџ (кои се слично структуирани )се единствени за оваа демократска форма на раководство.

Двајца Универзитетски професори(лица одговорни за испит),кои се избираат секоја година на основа на смена од два колеџи ,се внатрешни народни правобранители кои вршат проверки дали универзитетот и неговите членови се придржуваат до неговите статути.Функцијата вклучува студентска и социјална помош и дисциплина,како и надзор врз универзитетското работење.Групата Универзитетски професори се нарекуваат Законски(Статутарни)Професори на универзитетот Оксфорд.Тие се посебно влијателни во работата на дипломските програми на Универзитетот.Примери за статутарни професори се Групата Професори Чичел и професорот Драмонд за Политичка Економија.Различните академски факултети ,катедри и институции се организирани во четири поделби,секоја со нејзиниот раководител и изгласан одбор.Тоа се Хуманистичките Поделби ;Социјалните Научни Поделби;Математичките;Физичките и Животно Научните Поделби;и Научно Медицинските Поделби.

Колеџи