Метју Арнолд (англиски Matthew Arnold; (роден на година – починал на година) — англиски поет и критичар кој работел како училиштен инспектор. Тој бил син на Томас Арнолд, познат директор на училиштето Рагби и брат на Том Арнолд, професор по книжевност и Вилијам Делафилд Арнолд, романописец и колонијален администратор. Метју Арнолд се смета за писател – мудрец, кој ги поучува и им дава инструкции на читателите за современи социјални теми.Landow, George. Elegant Jeremiahs: The Sage from Carlyle to Mailer. Ithaca, New York: Cornell University Press, 1986. Бил и инспектор на училишта триесет и пет години и го поддржувал концептот на државно регулирано средно образование

Рани години Тој бил најстариот син на Томас Арнолд и неговата сопруга Мери Арнолд, роден на 24 декември 1822 година во Лејлам на Темза, Мидлсекс. Пречесниот Џон Кебл, кој подоцна станал еден од водачите на движењето Оксфорд му бил кум на Метју. Томас Арнолд се восхитувал на химните на Кебл во „Христијанска година“, но бил повоздржан кога овој негов стар пријател станал реакционер на „Високата црква“ и бил наклонет на Рим во триесеттите години на 19 век. Во 1828 година, татко му на Арнолд бил назначен за директор на Училиштето „Рагби“ и неговото младо семејство таа година се сместило во куќата на директорот. Во 1831 година, приватен учител на Арнолд бил неговиот чичко, Џон Бакленд кај Лејлем, Мидлсекс. Во 1834 година, семејството Арнолдс се сместило во викендичка, Фокс хау, во Лејк Дистрикт. Вилијам Вордсворт им бил сосед и близок пријател. Фокс хау подоцна станал семеен дом, по прераната смрт на доктор Арнолд во 1842 година.

Во 1836 година, Арнолд се запишал на колеџот Винчестер, но во 1837 година, тој се вратил во училиштето „Рагби“, каде се запишал во петти клас. Тој се префрлил во шести клас во 1838 година и така бил под директен надзор на татко му. Напишал стих за текст за магазинот „Фокс хау“ што во периодот од 1838 до 1843 година го создале Метју и неговиот брат за задоволство на семејството. Во периодот кога бил ученик во Рагби, тој ги добил училишните награди за пишување есеј на англиски јазик и поезија на латински и на англиски јазик. Неговата поема во проза „Аларик во Рим“ била отпечатена во Рагби.

Во 1841 година, тој добил отворена стипендија за колеџот „Балиол“, Оксфорд.. За време на престојот на Оксфорд, се развило неговото пријателство со Артур Хју Клау, дипломец од Рагби, кој му бил омилен ученик на татко му. Арнолд присуствувал на проповедта на Џон Хенри Њуман во црквата Света Марија, но не се приклучил на движењето Оксфорд. Неговиот татко ненадејно починал од срцево заболување во 1842 година. Поемата на Арнолд „Кромвел“ ја добила наградата Њудигејт во 1843 година.Cromwell: A Prize Poem, Recited in the Theatre, Oxford; June 28, 1843 at Google Books Тој дипломира следната година со многу добар успех.

Во 1845 година, по краткиот период кога предавал во Рагби, тој бил избран за член на универзитетскиот колегиум на колеџот Ориел, Оксфорд. Во 1847 година, тој станал приватен секретар на лорд Ленсдаун, претседател на Советот. Во 1849 година ја објавил својата прва книга поезија, „Заталканиот мечтател“. Во 1850 година Вордсворт починал и Арнолд ги објавил своите „Стихови за спомен“ на постариот поет во магазинот „Фрејзер“.

Брак и кариера

Со оглед на тоа што имал желба да се ожени, а не бил во можност да издржува семејство со плата на приватен секретар, Арнолд во 1851 година го побарал работното место и бил назначен за Инспектор на училиштата на нејзиното височество. Два месеца подоцна тој се оженил со Френсис Луси, ќерка на сер Вилијам Вајтман, член на правниот совет на кралицата. Семејството Арнолд имало шест деца: Томас (1852 – 1868), Тревенен Вилијам (1853 – 1872); Ричард Пенроуз (1855 – 1908), инспектор на фабрики; Луси Шарлот (1858 – 1934), која се омажила со Фредерик В. Витриџ од Њујорк, кого го запознала за време на американската турнеја на Арнолд кога тој држел предавања; Елеонор Мери Керолајн (1861 – 1936), омажена за (1) почесен Армин Воудхаус во 1889 година, (2) Вилијам Мејсфилд, Барон на Сандхерст, во 1909; Бејзил Френсис (1866 – 1868).

Арнолд честопати ги квалификува неговите обврски на училиштен инспектор како „заморни“, но понекогаш ги признавал придобивките од редовната работа. Поради неговата работа како инспектор, морал постојано да патува, посебно на почетокот, во поголем дел на Англија. „На почетокот Арнолд беше одговорен за инспекција на неконформистичките училишта во поголемиот дел на централна Англија. Тој помина долги заморни часови во текот на педесеттите години на 19 век по чекалните на железничките станици и хотелите од малите градови и уште подолги часови слушајќи како учениците ги рецитираат нивните лекции и родителите кои ги рецитираат нивните приговори. Но, тоа исто така значеше дека тој, меѓу првата генерација од ерата на железницата патуваше низ Англија повеќе од кој и да е писател некогаш. Иако неговите задолженија подоцна беа сведени на помала област, Арнолд го познаваше општеството на провинциска Англија подобро отколку поголемиот дел од авторите во метрополата и тогашните политичари“.Collini, 1988, p. 21

Литературна кариера

Во 1852 година Арнолд го објавил својот втор том поеми, Емпедокле на Етна и други поеми. Во 1853 година, тој ги објавил Поеми: ново издание избор од два претходни тома, од кои била изоставена Емпедокле на Етна, но биле додадени нови поеми „Сохраб и Рустум“ и „Учениот Циганин“. Во 1854 година, излегла од печат Поеми: втора серија; исто така избор, во што била вклучена нова поема, „Болдер мртов“.

Арнолд бил избран за професор по поезија на Оксфорд во 1857 година. Тој бил прв што држел предавања на англиски место на латински. Повторно бил избран во 1862 година. „За преводот на Хомер“ (1861) и првичните мисли што Арнолд ќе ги преиначи во „Култура и анархија“ биле дел од плодовите од предавањата во Оксфорд. Во 1859 година, тој првпат отпатувал на континентот (по што следеле уште две патувања), по барање на парламентот за изучување на европските образовни практики. Сам ја објавил Популарно образование во Франција (1861), чиј вовед подоцна бил објавен под наслов „Демократија“ (1879).Super, CPW, II, p. 330.

Во 1865 година, Арнолд објави Критички есеи: прва серија. Критички есеи: втора серија не се појави до ноември 1888 година, наскоро по неговата прерана смрт. Во 1866 година тој ја објавил Тирсис, неговата елегија за Клау, кој починала во 1861 година. Најважното дело од социјалната критика на Арнолд Култура и анархија (и едно од ретките негови дела што сė уште се печати), било објавено во 1869 година. Литература и догма, најважното дело на Арнолд од религиозната критика излегло од печат во 1873 година. Во 1883 и 1884 година, Арнолд во Соединетите Американски Држави имал низа предавања за образование, за демократија и за Ралф Валдо Емерсон. Тој бил избран за странски почесен член на Американската академија за уметности и науки во 1883 година

Во 1886 година, тој се пензионирал од вршење инспекција на училиштата и уште еднаш отпатувал за Америка xxxiv+375 pp.. Починал ненадејно од срцев удар во 1888 година, кога трчал да стигне трамвај што требало да го однесе до станицата во Ливерпул, каде требало да се сретне со неговата ќерка која била во посета од САД, каде се пресели откако се омажи за еден Американец.

Карактерот на Арнолд

Метју Арнолд „беше навистина прекрасно друштво“, напишал Г. В. Е. Расел во Портрети од седумдесеттите; „светски човек, сосема ослободен од светот и писател без најмала трага на дребничавост“. Позната личност во клубот Атенеум, често „ручаше надвор и беше чест гостин во вонградските куќи, сакаше лов и риболов, водеше живи дискусии, беше склон кон комбинација на гиздење и отменост, постојано читаше се и сешто и во паузите кога не работеше на издржување свое и на своето семејство со заморните училишни инспекции, тетратка по тетратка исполнуваше со медитации во скоро монашки тон. Во неговите пишувања, тој честопати ги збунуваше, а понекогаш и ги нервираше своите современици со очигледна противречност меѓу неговата урбана, дури и фриволна контроверзност и „голема сериозност“ на неговите критички ставови и меланхолично, скоро жално расположение што провејува во поголем дел од неговата поезија. Т. Х. Ворен го опиша како „глас што засмејува во дивината“.

„Оксфордска елегија“ од Воган Вилијамс, дело со раскажувач, со мешан хор и мал оркестар (1949), е заснован на извадок од „Учениот Циганин“ и „Тирсис“.

Поезија

Арнолд понекогаш го нарекуваат третиот најважен поет од викторијанскиот период, заедно со Алфред Тенисон, првиот барон Тенисон и Роберт Браунинг.Collini, 1988, p. 2. Арнолд бил свесен за своето место во поезијата. Во писмо до неговата мајка од 1869 година, тој напишал:

Стефан Колини ова го смета за „исклучително искрена и доста праведна самопроценка“.

„Поезијата на Арнолд продолжува да го привлекува вниманието на учениот свет, делумно бидејќи се чини дека во неа има впечатлив доказ за неколку централни аспекти од интелектуалната историја на ЏИЏ век, особено корозијата на „верата“ со „сомнежот“. Ниту еден поет не би сакал по неколку векови на него да се навраќаат само како на историски сведок, а интелектуалното разбирање на стихот на Арнолд е посебно подложно на ваков однос“.Collini, 1988, p. 26.

Харолд Блум ја повторува квалификацијата што Арнолд си ја дава во неговиот вовед (како уредник на серијалот) на Модерни критички погледи томот за Арнолд:

Меѓутоа, сер Едмунд Чејмберс забележал дека при споредбата на најдобрите дела на Метју Арнолд со оние на шесте најдобри автори од негово време...повеќе дела опстанаа од Метју Арнолд отколку од нив.“ Чејмберс ја процени поетската визија на Арнолд од аспект на

Во Ливерпул, каде починал, постои основно училиште наречено по него и истоимено средно училиште во Оксфорд и Стајнс.

Неговата литературна кариера – изоставајќи ги неговите две наградни песни – започна во 1849 година со издавањето на Залутаниот мечтател и други песни, што привлекло малку внимание – иако во неа беше можеби најчистата поетска песна на Арнолд „Заборавениот тритон“ – но наскоро била повлечена. Емпедокле на Етна и други песни (меѓу нив „Тристрам и Изолт“) објавена во 1852 година, имала слична судбина. Во 1858 година тој ја објавил својата трагедија Меропе, што, како што му пишал тој на еден пријател, повеќе било наменето, „да го инаугурира моето професорско место со достоинство отколку длабоко да го трогне човечкиот род“ и претежно забележително поради некои експерименти во необични – и неуспешни – метри.

Неговата песна „Доверската плажа“ од 1867 година прикажува кошмарен свет од кој исчезнале старите религиозни вредности. Таа понекогаш се смета за еден од првите, дури и прв пример на модерен сензибилитет. Во познатиот предговор на избор песни од Вилијам Вордсворт, Арнолд се идентификува себеси, малку иронично, како „човек на Вордсворт“. Очигледно е влијанието на Вордсворт во најдобрата поезија на Арнолд и во идеите и во дикцијата. Песната на Арнолд „Доверската плажа“ се појавува во Фаренхајт 451 на Реј Бредбери, а исто така се спомнува како значајна во Сабота од Ијан Мекеван. Таа исто така беше цитирана или спомната во голем број други контексти (вид. Доверската плажа“).