Георги Сталев Поповски (Витолиште, — Скопје, 30 декември 2025) — македонски поет, прозаист, драмски писател, научен работник, преведувач, доктор по филолошки науки и универзитетски професор.

Животопис Сталев Поповски е роден е на 22 април 1930 година во селото Витолиште, Мариово, Прилепско. Тој е син на Стале Попов. Учел во Прилеп, во Белград и во Скопје, каде дипломирал на Филозофски факултет. Долги години бил уредник на списанието „Современост“, а истовремено бил меѓу првите членови на Македонскиот ПЕН-центар. Бил член на ДПМ од 1956 година. До 1995 година работел како професор на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде што предавал современа јужнословенска книжевност. Во периодот од 1978 до 1982 година бил министер за култура во Извршниот совет на Социјалистичка Република Македонија, а во 1983 година бил координатор на образовниот систем за македонските иселеници во Сиднеј. Во два наврата бил претседател на Друштвото на македонските книжевни преведувачи. Починал на 25 декември 1025 година, а погребот бил извршен на 3 јануари 2026 година.

Творештво Сталев Поповски започнал да се бави со книжевна работа во 1947 година, а од 1953 година редовно објавувал трудови од областа на книжевната историја, теоријата и од театарската критика во периодичните изданија. Тој е автор на пет поетски збирки, пет драмски дела, два романа и една книга раскази, како и на бројни препеви, преводи и критички есеи. Уште како студент од трета година го објавил својот прв (и последен) превод на прозен текст („Спроти новите дни“ од Иван Тургенев. Непосредно пред дипломирањето, по повод одбележувањето на шеесетгодишнината од смртта на Григор Прличев, ја препеал поемата „Сердарот“ со помош на неговиот татко. Покрај преводите и препевите на делата на Пушкин, Лермонтов, Прешерн и Гундулиќ, како врвни негови остварувања се издвојуваат преводите на „Божествената комедија“ од Данте Алигиери, целосната поема „Странствувањата на Чајлд Харолд“ од Џорџ Гордон Бајрон, како и Антологијата на француската поезија – од нејзините почетоци до крајот на 19 век.okno.mk „Македонската книжевност изгуби великан: почина Георги Сталев Поповски“ (пристапено на 9.1.2026)

Награди Добитник е на наградите:Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 212 - 213. Награда „11 Октомври“, за животно дело Награда „Св. Климент Охридски“, за животно дело Награда „13 Ноември“ во 1981, за животно дело, Награда „Димитар Митрев“, за за книжевна критика и есеистика (двапати) „Златен лавров венец“ за најдобар драмски текст на фестивалот Мали и експериментални сцени/МЕС-Сараево (1972) „Златен венец“ на фестивалот МЕС-Сараево, Медал од Фондот Лермонтов - Москва, Награда „Григор Прличев“, за препев Награда „Кирил Пејчиновиќ“, за книжевен превод.

Библиографија Георги Сталев ги објавил следниве дела: Смев на крвта (роман, 1960), Преглед на македонската книжевност од 19 век (1963), Гороломник пред својот крст (поезија, 1968), Македонскиот верс (студија, докторска дисертација, 1970), Зелени гранчиња лаври (роман за деца и млади, 1971), Болен Дојчин (драма во стихови, 1971), Ангелина (драма во стихови, 1972), Девет портрети од светската книжевност (1974), Приближувања I (есеи и огледи, 1974), Расколникот од Хетиим или Џинот (драма во стихови, 1975), Самуил (драма во стихови, 1980), Приближувања II (есеи и огледи, 1983), Вториот Омир (поема, 1988), Бесоница (поема, 1993), Последните сто години македонска книжевност (студија, 1994), Едно можно читање на Рациновите „Бели мугри“ (студија, 1994), Јас Константин Македонијата (поезија, 1996), Маски (поезија, 1998) Мала антологија на француската поезија (1964), Антологија на француската поезија од нејзините почетоци до XX век (1977), Антологија македонске критике (на српски јазик, 1978), Мртвите не умреле во нас (антологија на руската поезија од 19 век, 2000). Неговите драми (Болен Дојчин, Ангелина, Расколникот од Хетиим или Џинот, и Самуил) беа издадени во едно издание од страна на издавачката куќа Матица Македонска во 2002-та година. Еротски митови, Матица македонска, Скопје, 2007 Рапсодија во сиво (збирка безглаголни раскази), Александар и Александар, Скопје, 2009 Хаику харакири, Александар и Александар, Скопје, 2009 Хаику исчашености, Александар и Александар, Скопје, 2010

Наводи

Категорија:Починати во 2025 година Категорија:Луѓе од Витолиште Категорија:Починати во Скопје Категорија:Луѓе со потекло од Мелница (Прилепско) Категорија:Македонски поети Категорија:Македонски преведувачи Категорија:Македонски драматурзи Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Југословенски поети Категорија:Југословенски универзитетски професори Категорија:Југословенски политичари Категорија:Членови на ДПМ Категорија:Апсолвенти на Филозофскиот факултет - Скопје Категорија:Добитници на наградата „13 Ноември“ Категорија:Добитници на наградата „Св. Климент Охридски“ Категорија:Добитници на наградата за препев „Григор Прличев“ Категорија:Министри за култура на Република Македонија