Адидас — мултинационален германски производител на спортска облека и матична компанија на Адидас Групација (Adidas Group), која се состои од компанијата за спортска облека Рибок (Reebok), голф компанија (вклучувајќи ја и компанијата Ашворт (Ashworth)), и Rockport. Покрај спортски обувки, компанијата произведува и други производи како што се чанти, кошули, часовници, очила и други добра поврзани со спорт и облека. Компанијата е најголемиот производител на спортска облека во Европа и втор по големина производител на спортска облека во светот, по неговиот американскиот соперник Најк.
Адидас е основан во 1948 година од страна на Адолф Даслер, по поделбата на компанијата Gebrüder Dassler Schuhfabrik меѓу него и неговиот постар брат, Рудолф Даслер. Рудолф подоцна ја основал компанијата Пума АГ, која на почетокот му била соперник на Адидас. Регистрирана во 1949 година, Адидас во моментов е со седиште во Херцогенаурах, Германија, заедно со Пума АГ.
Облеката и патиките на компанијата се дизајнирани обично со три паралелни линии, и истиот мотив е вметнат во моменталното официјално лого на Адидас. Трите линии биле купени од финската спортска компанија Карху Спортс (Karhu Sports) во 1951 година. Приходите на компанијата за 2016 година биле 19,29 милијарди евра.
Историја Рани години
Адолф Даслер започнал да произведува свои спортски патики во кујната за миење на мајка му во Херцогенаурах, Баварија, по неговото враќање од Првата светска војна. Во 1924 година, неговиот брат Рудолф Даслер се приклучил на фирма која станала позната како Gebrüder Dassler Schuhfabrik (во превод: Браќа Даслер, фабрика за чевли). Двајцата започнале со својата авантура во пералната на нивната мајка, но во тоа време, снабдувањето со електрична енергија во градот било непостојано, и браќата понекогаш морале да ја употребуваат силата на педалот од стационарен велосипед за да може да функционира нивната опрема.
мини|<center>Адидас Самба патики
За време на Летните олимписки игри во 1936 година, Ади Даслер возел од Баварија на еден од првите автопати во светот до Олимпиското село со куфер полн со крампонки и го убедувал американскиот спринтер Џеси Овенс да ги користи, што претставува и прво спонзорство за еден Афроамериканец. Откако Овенс освоил четири златни медали, неговиот успех ја зацементирал добрата репутација на Даслер патиките меѓу најпознатите спортисти во светот. Писма од целиот свет пристигнувале на браќата, и тренерите на другите државни репрезентации биле исто така заинтересирани за нивните патики. Бизнисот напредувал со брзо темпо и браќата Даслер продавале по 200.000 пара патики годишно, до пред Втората светска војна. Подоцна во текот на Втората светска војна, фабриката за патики се префрлила на производството на противтенковското оружје Панцершрек.
Поделба на компанијата
Двајцата браќа се приклучиле кон Нацистичката партија, но Рудолф бил малку поприврзан кон партијата. За време на војната, сè поголемиот јаз помеѓу двајцата браќа достигнал критична точка по бомбашкиот напад на сојузниците во 1943 година кога Ади и неговата сопруга се искачиле во засолништата против бомби во кои веќе биле Рудолф и неговото семејство: „валкани гадови, повторно се вратија“, изјавил Ади, очигледно мислејќи на сојузничките воени авиони, но Рудолф бил убеден дека брат му тоа го мислел за него и неговото семејство. Подоцна Рудолф бил земен од американските војници кои го обвиниле дека е член на дивизијата Вафен СС, и бил убеден дека неговиот брат е оној што го предал.
Браќата се разделиле во 1947 година, притоа:
Руди формирал нова фирма која ја нарекол Руда - од Рудолф и Даслер, подоцна ребрендирана во Пума АГ, Ади формирал компанија официјално регистрирана како „адидас АГ“ (со мали букви ) на 18 август 1949 година. Акронимот „Цел ден сонувам за спорт“ (All Day I Dream About Sport), иако понекогаш се смета за потекло на името Адидас , бил применет ретроактивно, што го прави бекроним. Името всушност е кованица формирана од Ади (прекар за Адолф) и Дас (од Даслер).
Аферата Тапи
По проблематичниот период, по смртта на синот на Адолф Даслер, Хорст Даслер во 1987 година, компанијата била купена во 1989 година од страна на францускиот индустријалец Бернард Taпи, за 1,6 милијарди франци (денес 243.918.000 евра), кои Taпи ги позајмил. Taпи бил во тоа време познат специјалист за спасување на компаниите под стечај, експертиза со помош на која го создаде своето богатство. Taпи одлучил да го префрли производството во Азија. Тој, исто така ја најмил Мадона за промоција. Тој испратил претставник за продажба на патики од Нов Зеланд во Германија кој се сретнал со потомците на Адолф Даслер (Амелија Рандал Даслер и Бела Бек Даслер) и бил испратен со неколку предмети за да ја промовира таму компанијата.
Во 1992 година, не можјќи да ја плати каматата за заемот, Taпи ја назначил Лионската банката да го продаде Адидас, а банката потоа го претвори заостанатиот долг во капитал во акции на компанијата, нешто што било невообичаено за тогашната француска банкарска пракса. Очигледно, државна банка се обиделе да го ослободи Taпи од големи финансиски потешкотии како лична корист на Taпи, наводно бидејќи Taпи бил градоначалник во француската влада во тоа време.
Во февруари 1993 година, Лионската банката го продавала Адидас на Роберт Луис Дрејфус, пријател на Бернард Taпи за многу повисока сума на пари од онаа што ја должел Taпи, 4.485 милијарди франци (683.514.000 евра) наместо 2.85 милијарди франци (434.479.000 евра). Taпи подоцна ја тужел банката, бидејќи сметал дека бил ограбен од страна на индиректната продажба.
Роберт Луис Драјфус станал новиот извршен директор на компанијата. Тој исто така бил претседател на ФК Олимпик Марсеј, екипа која Тапи ја поседувал до 1993 година.
Тапи поднел барање за личен банкрот во 1994 година. Тој бил предмет на неколку тужби, особено во врска со местење натпревари во фудбалскиот клуб. Во текот на 1997 година, тој поминал 6 месеци од 18-месечната затворска казна во затворот Ла Санте во Париз. Во 2005 година, француските судови му доделиле надомест на Taпи од 135.000.000 евра (околу 886.000.000 франци).
Пост-Тапи ера
Во 1994 година, главен корисник станал Детското село - СОС во комбинација со младинска група на ФИФА.
Во 1997 година, Адидас АГ ја оформила групацијата Саломон Груп (Salomon Group) која била специјализирана за ски опрема, и нејзиното официјално корпорациско име било променето во „Адидас-Саломон АГ“, бидејќи со ова достигнување Адидас исто така се здобил и со голф компанијата Тејлормејд (TaylorMade) и Максфлај(Maxfli) што им дозволило да и бидат конкуренција на компанијата Најк голф.
Во 1998 година, Адидас ја тужел на Националната студентска атлетска асоцијација поради нивните правила кои ги ограничуваат големината и бројот на комерцијални логоа на спортските дресови и облеката. Адидас ја повлечел тужбата, и двете групации формирале насоки за тоа што ќе се смета за корисно во дизајнот со трите линии на трговската марка Адидас.
Во 2003 година, Адидас поднел тужба во Британскиот суд против компанијата Фитнес Врлд (Fitness World) коишто го користеле логото со две линии, мотив сличен на Адидас кој е со три линии. Судот пресудил дека и покрај едноставноста на марката, користењето на компанијата Фитнес Врлд (Fitness World) со логото било кршење на законот затоа што јавноста би можела да воспостави врска меѓу нив и марката Адидас.
Во септември 2004 година, една од најдобрите англиски модни креаторки Стела Макартни започнала заедничка соработка со Адидас за создавање на нова линија, создавајки долгорочно партнерство со корпорацијата. Оваа линија е колекција за спортски перформанси за жени наречена „Адидас од Стела Макартни“, која била прифатена со воодушевување.
Исто така во 2005 година на 3 мај, Адидас, изјавил во јавноста дека тие ја продале нивната партнер компанија Саломон Груп за 485 милиони евра на Амер Спортс (Amer Sports) од Финска.
Во август 2005 година, Адидас ја кажал својата намера да го купи британски соперник Рибок (Reebok) за 3.8 милијарди американски долари. Ова преземање било завршено со партнерство во јануари 2006 година и значело дека компанијата ќе има деловни продажби блиски на оние на Најк во Северна Америка. Купувањето на Рибок (Reebok), исто така им овозможило на Адидас да се натпреварува со Најк во светот како број два атлетски чевлар во светот.
Корпоративното седиште на Адидас е во Германија, но има и многу други деловни локации низ светот како што се Хонгконг, Торонто, Тајван, Англија, Јапонија, Австралија и Шпанија. Иако главно се продава во САД, Адидас има многу приходи и од овие земји и се шири во повеќе прекуокенаски земји.
Во 2005 година, Адидас го претставил Адидас 1, првите произведени патики со помош на користи микрообработувач. Компанијата ги произвела „првите светски интелигентни патики“, со помош на микрообработувач способен за вршење на 5 милиони пресметки во секунда, кои автоматски го прилагодуваат нивото на патиките за амортизирањата да одговараат на неговата околина. Патиките имаат потреба од мала, заменлива батерија која ќе трае за време од околу 100 часа на трчање. На 25 ноември 2005 година, Адидас објавил нова верзија на Адидас 1 со зголемен број на амортизирања, дозволувајќи им на патиките да станат помеки или поцврсти, и нов мотор со 153% повеќе вртежени моментиAdidas 1 Is The Most Technically Advanced Running Shoe Popular Mechanics, 7 December 2004.
На 11 април 2006 година, Адидас најавил 11-годишен договор со НБА за да стане нивен официјален снабдувач за облека. Тие ќе направат НБА, НБДЛ, и ВНБА дресови и производи, како и обоени верзии на Суперстар (Superstar) патиките за кошарка според боите на тимовите. Овој договор (во вредност од над 400 милиони евра) го зема местото на претходниот 10-годишен договор со Рибок кој бил склучен во 2001 година.
Производи
Трчање
Адидас во моментов произведува неколку видови на патики за трчање, вклучувајќи ги и адистар контрол 5 (adiStar Controle 5), адистар рајдadiStar Ride) (замена за адистар кушн 6(adiStar Cushion 6)), Супернова серијата (замена за Супернова Контрол 10 (Supernova Controle 10)), и Супернова Кушн 7 (Supernova Cushion 7) (кој наскоро ќе биде заменет од Супернова Глајд (Supernova Glide)), меѓу другите. Покрај тоа, нивната облека многу ја користат тркачите. Адидас исто така користат кожа од кенгур за да ги направат своите патики поскапи.
Облека
Адидас продава голем број облеки, различни од машки и женски маици, јакни, дуксери, панталони и хеланкиClothing items in Adidas website.
Првата облека на Адидас била тренерката на Франц Бекенбауер создадена во 1967 година. Адидас АГ е најголемиот производител на спортски градници во Европа и втор најголем производител во светотStatistics and facts on Adidas on Statistics portal, retrieved 22 February 2017.
Спорт Фудбал
Еден од главните фокуси на Адидас е фудбалскиот комплет и друга слична опрема. Адидас исто така, обезбедува облека и опрема за сите тимови во Големите фудбалски лиги. Адидас остана главната компанија која ги снабдуа меѓународните фудбалски тимови со опрема за фудбал.
Адидас, исто така, прави колекции за судиите кои се користат во меѓународната конкуренција од страна на многу земји и лиги во светот. Во САД, судиите носат Адидас колекции во МЛС натпреварите иако основен снабдувач за судиите е Офишал Спорт (Official sport). Фирмата е иноватор во областа на патики за спортот со значајни примери, вклучувајќи го и развојот на копачките дизајнирани за Копа Америка кои се користеле за натпревари на тврди и суви подлоги речиси 40 години. Окованиот еквивалент бил именуван по Светското првенство по повод на одбележувањето на 1978 година, кога турнирот го освоил Аргентина, една од нациите каде што копачките се испорачувале во тоа време. Некои од најпознатите фудбалски екипи во моментов се спонзорирани од Адидас.