Влада на Македонија од 1945 — првата влада на македонската република во составот на ново-формираната југословенска федерација. Избрана е на 16 април 1945 година, на Третото заседание на АСНОМ. Со нејзиното формирање, таа ги презема извршните ингеренции на дотогашниот Президиум на АСНОМ и неговите поверенства. Основна преокупација на извршната власт е политичката, стопанската и образовно-културната обнова и изградба на НР/СР Македонија. Во тој процес доминантна раководна улога има Комунистичката партија на Македонија (КПМ), подоцна Сојуз на комунистите на Македонија (СКМ), помогната од страна на масовните организации (Народниот фронт, подоцна ССРНМ, синдикалната и младинската организација, АФЖ и др.).

Оваа влада е реконструирана на 11 февруари 1946 година, а мандатот ѝ завршува по една година, на 18 април 1946 година, кога е избрана нова влада.

Дискусии на основачкото собрание по повод изборот на Владата 210px|десно|Лазар Колишевски thumb|200px|десно|Емануел Чучков thumb|200px|десно|Димитар Влахов Лазар Колишевски

Емануел Мане Чучков

Димитар Влахов

Состав на првата влада на Македонија Владата е составена од претседател, два потпретседатели и 10 министерства. Нејзиниот состав е следниот:„Прва народна влада на Македонија“, Републички комитет за информации, Скопје, 1985, 43-44 стр.

претседател на владата: Лазар Колишевски прв потпретседател и министер за финансии: Љупчо Арсов втор потпретседател: Абдураим Мехмед министер за внатрешни работи: Кирил Петрушев министер за просвета: Никола Минчев министер за правосудство: Павел Шатев министер за индустрија и рударство: Страхил Гигов министер за трговија и снабдување: Тодор Ношпал министер за земјоделство и шумарство: Богоја Фотев министер за народно здравје: Вукашин Попадиќ министер за социјална политика: Неџат Аголи министер за градежништво: Георги Василев

Преустројство на владата од февруари 1946 година На 11 и 12 февруари 1946 година е извршено преустројство на владата.Службен весник на Народна Република Македонија 4/1946, 1 стр. Промени настанале во четири министерства, за финансии, внатрешни работи, градежништво и индустрија и рударство, воведена е Контролна комисија при Народната влада на НРМ и извршена била ротација на неколку министри. Од составот на владата излегува Страхил Гигов, а нови министри стануваат Цветко Узуновски и Даре Џамбаз.

Промените до кои дојде се следните: Љупчо Арсов ја задржува функцијата прв потпретседател на владата, но наместо министер за финансии станува претседател на Контролната комисија при Народната влада на НРМ. Даре Џамбаз станува министер за финансии, на местото на Љупчо Арсов. Цветко Узуновски станува нов министер за внатрешни работи, на местото на Кирил Петрушев. Кирил Петрушев, наместо министерството за внатрешни работи, го презема министерството за градежништво. Георги Василев, наместо министерството за градежништво, го презема министерството за индустрија и рударство.

Наводи

1945