мини|Топологија на магистрална мрежа
Магистрална мрежа — мрежна топологија во која јазлите се директно поврзани на заеднички линеарна (или разгранета) полудуплексна врска наречена магистрала."Network Topologies" Teachbook Blog, Accessed August 4th 2015.Janssen, Cory "What is a Bus Topology?", Techopedia, Accessed August 4th 2015.
Функционирање Домаќинот на мрежната магистрала се нарекува „станица“ или „работна станица“. На мрежната магистрала секоја станица го прима целиот мрежен сообраќај и сообраќајот генериран од секоја станица е со еднаков приоритет за пренос. Мрежната магистрала формира единствен мрежен сегмент и домен на судири. За да оди пренос од сите јазли истовремено се користи топологија на пристапна контрола на медиумот () како повеќекратен систем со детекција на носителот () или контрола на магистралата ()
Доколку која било врска или сегмент од магистралата е отсечен, се прекинува целосниот мрежен сообраќај заради скок на сигналот предизвикан од отсуството на завршен отпорник.
Предности и недостатоци
Предности Едноставно за имплементација и проширување. Лесно инсталирање. Добро приспособено за привремени или за мали мрежи кои не побаруваат големи брзини. Поевтина од други топологии. Евтино, потребен е само еден кабел. Лесна идентификација на погрешни кабли. Намалена тежина поради намалениот број на жици.
Недостатоци Ограничена должина на кабелот и ограничен број на станици. При проблем со кабелот целата мрежа престанува со работа. Поскапо одржување на подолг временски период. Перформансите се влошуваат поради додавање на други компјутери или поради густиот сообраќај. Значајни просторни капацитети. Работи најдобро со ограничен број на јазли. Најчесто има поспор трансфер на податоците од другите топологии. Само еден пакет може да остане на магистралата во текот на еден такт на часовникот.
Поврзано Мрежни топологии
Наводи
Категорија:Мрежна архитектура Категорија:Мрежна топологија Категорија:Омрежување Категорија:Сметачка архитектура