Лазо Каровски — ( во — во Скопје) ― македонски поет, литературен историчар и фолклорист
Животопис Еден од првите македонски поети по ослободувањето, романописец, детски поет, литературен историчар и фолклорист. По завршувањето на гимназијалното образование во родниот град и во Скопје, дипломирал на Катедрата за југословенски литератури и македонски јазик на Филозофскиот факултет во Скопје, каде што и докторирал со темата „Печалбарството во македонската народна и уметничка литература“ (Македонски печалбарски песни), во 1973 година. Работел како гимназиски професор во Кавадарци и во Учителската школа во Битола, а потоа предавал на тамошната Педагошка академија.
Тој е еден од најпознатите македонски фолклористи, а истовремено е и познат автор и поет.Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 115 116.
Библиографија
Каровски пишуваше и за деца и за возрасни.
Од неговото творештво за деца се издвојуваат следните збирки поезија:
Овчарче (1946) Песната на славејот (1955) Митко шета со ракета
Во спомен на дванаесетте младинци од Ваташа убиени од Бугарите во Втората светска војна, ја напишал поемата: Крвава Балада (1947).
Од неговото творештво за возрасни се издвојуваат следните збирки поезија:
Тиквешка легенда (1948) Преземи во PDF формат Родината в песни (1951) Момина чука (1955) Родина Стравини (1958)
Од неговото прозно творештво се издвојуваат:
Патишта (1959) Заорок (1971) Раскин
Каровски е исто така автор и на романсираните биографии на Климент и Наум Охридски.
Добитник е на бројни награди за литературна дејност.
Наводи
Категорија:Починати во Скопје Категорија:Македонски писатели Категорија:Југословенски писатели Категорија:Апсолвенти на Филозофскиот факултет - Скопје