Алтернативен рок (исто така наречен и алтернативна музика, алт-рок или едноставно алтернатива) — жанр на рок-музиката што се појавува во 1980-тите години и станува многу популарен во 1990-тите. Алтернативниот рок се состои од различни поджанрови кои потекнуваат од независната музичка сцена уште од 1980-тите години, како што се гранџ, бритпоп, готик рок, инди поп, и инди рок. Овие жанрови се обединети од страна на нивните колективи, кои се должат пак, на стилот на панк рокот, кој ги поставил темелите за алтернативната музика во 1970-тите. Понекогаш алтернативниот рок се користи како сеопфатна фраза за рок-музиката од андерграунд уметниците во 1980-тите, и за сите други музички праваци кои потекнуваат од панк-рок (вклучувајќи го и самиот панк како правец, т.н. "new wave" музички стил и постпанкот). мини|Група Oasis Иако неколку бендови како R.E.M., The Cure, Jane Addiction, Nirvana, Radiohead и White Stripes постигнаа комерцијален успех и станаа светски признаени музички бендови, многу други алтернативни рок-музичари во текот на 1980-тите години култни со делата кои ги снимија со независни етикети ja добија нивната изложеност преку колеџ радијата. Со пробивот на Нирвана и популарноста на гранџот и бритпопот како правци во текот на 1990-тите, алтернативниот рок се здоби со значајно место во музичкиот свет и многу бендови стекнаa значајна популарност.

Алтернативен рок како термин Пред терминот алтернативен рок да започне секојдневно да се употребува околу 1990-те години, видот на музиката за кој денешниот термин се однесува бил познат под различни термини. Во 1979 година, Terry Tolkin го користел терминот алтернативна музика за да ги опише групите за кои тој пишувал во неговите статии. Колеџ рок се користел во САД за да се опише музиката во текот на 1980-тите години поради врските со колеџ радијата и музичките вкусови на студентите. Во Обединето Кралство, пак, неколку т.н. DIY (Do it yourself -направете го тоа сами) дискографски куќи се обединиле поради појавата на панкот како субкултура. Според основачот на една од овие дискографски куќи, списанијата Cherry Red, NME и Sounds објавија музички листи врз основа на малите музички продавниците наречени "Алтернативна графика".

Првата национална листа врз основа на дистрибуција е наречена Инди Шема и се објавла во јануари 1980 година. Истата, веднаш успеала да им помогне на малите дискографски куќи. Во тоа време, терминот инди рок се користел буквално да се опишат независно дистрибуираните музички записи. Веќе во 1985-та година, тој термин здоби одредени жанрови, или група на поджанрови, наместо едноставно да има значење дистрибутивен статус.

Употребата на поимот алтернатива за да се опише рок-музиката потекнува од средината на 1980-те. Во тоа време, во музичката индустрија за ваков тип на музика се употребуваа термини како new music и post modern, со цел да се опфатат свежите звуци и да се реконтекстуализираат звуците од минатото.

Лицата кои работеле како диџеи и промотори во текот на 1980-тите години тврдат дека терминот потекнува од едно американски ФМ радио од 1970-тите, и се употебувал за да ја опише прогресивната алтернатива на Топ 40 рок радио листите каде што се наоѓале подолги песни и истите им давеле на DJ-ите поголема слобода во селекција на самата музика.

Еден поранешен диџеј и промотор, во тоа време изјавил: "На некој начин терминот алтернатива беше повторно откриен од едно колеџ радио, а луѓето веднаш го употребија во контекст на нов пост-панк, инди или каква и да е друга андерграунд музика."

Од почеток, терминот се однесувал на не толку популарните рок акти, кои не биле под влијание на "хеви метал баладите, езотеричната new wave музика и high-energy dance химните ".

Терминот алтернатива се здоби со уште поширока употреба, а успехот се должи на основачите на фестивалот Lollapalooza и фронтменот на групата Jane's Addiction Пери Фарел, кои за време на фестивалот го употребиле терминот Алтернативна нација. Во доцните 1990-ти, дефиницијата за овој термин стана уште поконкретна. Во 1997 година, Нил Штраус од Њујорк Тајмс го дефинираше алтернативниот рок како "hard-edged rock" од 70-тите инспириран од китираните звуци на гитарата и агонијата на пејачите, обидувајќи се да ги пребродат нивните проблеми, сè додека нивната музика не заземе епска пропорција.

Дефинирање на музиката како алтернатива, многу често е тежок чекор, бидејќи во овој збор има две спротивставени значења. Алтернативата може да ја опише музиката што го предизвикува статус кво-то или како "жесток иконоборец, антикомерцијална, и антимејнстрим", но терминот исто така се користи и во музичката индустрија за да се означат можностите достапни на потрошувачите преку продавниците, радиото, кабловската телевизија, и на интернетот. Користејќи далеку поширока дефиниција на жанрот, Дејв Томпсон во својата книга Alternative Rock го наведува формирањето на Sex Pistols и објавувањето на албумите Horses од Пети Смит и Metal Machine Music од Лу Рид како трите клучните настани којшто го основале алтернативниот рок.

Особености Името "алтернативен рок" во суштина служи како заеднички термин за целокупната андерграунд музика, која произлегла од панк рокот во средината на 1980-тите. Во својата историја, алтернативниот рок во голема мера се дефинира како музика која не ја прифаќа комерцијалноста на мејнстрим културата. Алтернативните бендови во текот на 1980-тите години главно имале настапи во мали клубови, снимени за инди дискографски куќи.

Алтернативниот музички правец немаше поставено темели за една целина, иако весникот "Њујорк тајмс" во 1989 година, пишуваше за алтернативниот рок дека е жанр од составен од “гитарски звуци кои продуцираат моќни акорди”.

Многу почесто отколку во другите стилови на рокот во текот на 1970-тите години, текстовите во алтернативниот рок, најчесто се однесувале на теми од социјалниот аспект, употребата на дрогата, депресијата и екологијата.

Овој пристап кон пишување на текстови со оваа тематика, се развил како рефлексија на социјаните и економските стеги во САД и Велика Британија во текот на 1980-тите и раните 90-ти.

Историја Алтернативен рок во 1980-тите Од 1984 година, мнозинството од групите коишто имаа потпишно договори со независните дискографски куќи, свиреа вариации на рок,особено рок од 1960-тите. Ова претставуваше остра пауза од футуристичките, и хипер-рационалните постпанк-години.

"Алтернативната музика е музика која нема сè уште активни следбеници односно меинстрим публика,алтернативата повеќе не е нов бран, туку диспозиција на умот. Алтернативната музика е всушност секаков вид на музика која има потенцијал да стигне до пошироката публика. Исто така, има вистинска сила, вистинскиот квалитет, вистинска возбуда, и тоа треба да биде од општествено значење, што е секако спротивно на една Витни Хјустон."

Цитати од Марк Џозефсон, извршниот директор на New Music Seminar во 1988 година.

Во текот на 1980-тите години, алтернативниот рок главно беше “подземен” феномен. Иако,од време на време, некоја песна стануваше комерцијален хит, добиваше критики и публикации во списанија како Ролинг Стоун, алтернативниот рок во 1980-тите години беше главно поврзан со независните дискографски куќи и колеџ радиостаниците.

Атернативните бендови изградија т.н. “подземен стил”, од турнеи и постојано лансирање на нискобуџетни албуми.

Иако, американските алтернативни уметници од 1980-тите никогаш не генерираа спектакуларни продажби на албуми, постигнаа значајно влијание врз наредните генерации на алтернативни музичари и ги поставија темелите за нивните успеси.

До 1989 година жанрот стана толку популарен што беше изведена заедничка турнеја на New Order, Public Image Limited и The Sugarcubes низ цела Америка.

Американски андерграунд во 1980-тите Првите американски алтернативни бендови како R.E.M., The Feelies, и Violent Femmes го комбинираа влијанието на панкот со фолк музиката и популарните музички правци во тоа време. R.E.M инстантно доживеа успех со нивниот деби албум Murmur (1983), кој успеа да влезе на Топ 40 листата, и да си создаде свои џангл поп обожаватели.

Paisley Underground, бенд од Лос Ангелес, во раните 1980-ти, успеа да ги оживее звуците од 60-тите, комбинирајќи психоделија, богати вокални хармонии, гитарски звуци на фолк рок и “подземни” влијанија на панкот преземајќи од The Velvet Underground.

Независните американски инди дискографски куќи како SST Records, Twin/Tone Records, Touch and Go Records, и Dischord Records ја предводеа промената од хардкор панкот, кој доминираше на тогашната американска сцена, кон повеќе различни стилови на алтернативен рок.

Бендовите Hüsker Dü и The Replacements од Минеаполис, беа показатели за оваа промена. Двата бенда, започнаа како панк рок бендови, но набрзо почнаа да ги пренасочуваат нивните звуци, и почнаа да свират помелодична музика.

Michael Azerrad од Hüsker Dü тврдеше дека неговиот бенд е клучната алка помеѓу хардкор панкот и повеќе мелодичната музика.

Michael Azerrad напиша: "Hüsker Du одигра огромна улога во убедувањето на т.н “подземен музички свет” дека помелодичната музика и панк рокот не се антитеза."

Бендот, воедно беше и првата група од американската инди сцена што потпиша договор за голема издавачка куќа, што му помогна колеџ рокот да биде перцепиран како "профитабилен бизнис."

Со фокусирање кон искрени текстови и игра на зборови, наместо на политичките проблеми, The Replacements направија голем број на “подземени” настапи. Azerrad истакна дека "Hüsker Dü заедно со The Replacements се едни од ретките “подземени” бендови чии текстови им се допаднаа и на меинстрим слушателите.

До крајот на 1980-тите години, на американската алтернативна сцена доминираа стилови кои се движеа од ексцентрична поп алтернатива (They Might Be Giants и Camper Van Beethoven), па сè до бучен рок (Sonic Youth, Big Black) и индустриски рок (Ministry, Nine Inch Nails). Овие звуци потоа ги проследија и Boston's the Pixies и Los Angeles' Jane's Addiction. Во исто време, се појави поджанрот гранџ, во Сиетл и Вашингтон.

Гранџот се засноваше на меки, кашести звуци на гитара и синтетизиран хеви метал и панк рок. До крајот на деценијата, голем број на алтернативни бендови започнаа да потпишуваат договори со големи дискографски куќи. Иако на почетокот, бендовите кои меѓу првите потпишаа вакви договори, како Hüsker Dü и The Replacements, немаа голем успех, подоцна, некои од нив како R.E.M и Jane's Addiction остварија златни и платински плочи,и на тој начин ја отворија сцената за пробив на алтернативата на светската музичка сцена. Бендот Pixies, беше еден од оние бендови којшто имаше огромен успех, надвор од Америка, а на домашниот пазар беше комплетно игнориран.

Британски жанрови и трендови во 1980-тите

Готскиот рок се развива во доцните 70-ти години и потекнува од Британскиот постпанк. Со репутација на "најтемната форма во андерграунд рокот", во готскиот рок се користи синтисајзер и гитарски звуци засновани на постпанк звуците, кои имаат за цел да репродуцираат тага, жал и епски звуци. Исто така текстовите најчесто се обраќаат на романтизмот, морбидноста, религиозниот симболизам и натприродниот мистицизам.

Деби-синглот на "Баухаус" наречен "Bela Lugosi's Dead" објавен во 1979 година, се смета за почетокот на готик рок-жанрот. Приближно во тоа време, постпанк-групите како Siouxsie and the Banshees и The Cure започнаа да свират нови звуци.

Еден од клучните алтернативни бендови кои се појавија во текот на 1980-тите во Манчестер беа The Smiths. Музичкиот новинар Симон Рејнолдс ги издвои The Smiths и нивните американски современици R.Е.М како "двете најважни алт-рок бендови на денот", коментирајќи дека тие "беа бендови од осумдесеттите само во чувството да се биде против осумдесеттите години".