За други употреби, видете Шанел(појаснување). Шанел С.А. општо познат како ¨Шанел¨ е париска модна куќа основана од познатата дизајнерка Габриел Коко Шанел, позната како една од најдокажаните во високата мода,особено во луксузните производи (висока мода, облека, ташни, парфеми и козметика). Таа го добила името ¨Коко¨ додека ја стекнувала ариерата како пејачка во кафе-шоп во Франција. Шанел секогаш се усовршувала во работите како на пример едноставни костуми, фустани, женски пантолони и накит. Визијата на Коко Шанел отсекогаш била да ги замени богатите секси парчиња со едноставни работи кои ја изразуваат елеганцијата. Нејзините дизајни и творби се вечни имајќи предвид дека основните силуети постојано се пренесуваат од генерации на генерации. Денес, Шанел е најпозната со "little black dress" која стана битно парче во секој женски плакар. Според Форбс, Ален Вертејмери Жерард Верејтмер се првите поседувачи на куќата Шанел кои се и внуци на Пјер Вертејмер (партнер на Шанел од далечната 1924 година).

Компанијата има имано славни и познати личности кои биле нивни заштитни лица, вклучувајќи ги Катрин Денов (1970-1980 која е заштитно лице на Chanel No.5), Карол Букет (1990 заштитно лице за Chanel No.5), Ванеса Парадис (заштитно лице за парфемот Coco), Никол Кидман (во раните 2000 ти лице за Chanel No.5), Одри Тоту (сегашно заштитно лице за Chanel No.5), Кјара Најтли (сегашно лице за Coco Mademoiselle) и најпознатата Мерилин Монро (1950 заштитно лице на парфемот Chanel No.5) слкана прскајќи се со пафемот Chanel No.5. Моментално сликата е најпозната од сите реклами за Шанел и продолжува да биде една од најпопуларните рекламни фотографии во историјата на маркетингот, која е користена во безбројни биографии и сè уште е најпродавана во широки размери како постер и уметничко дело на Мерелин Монро како модел. Мерилин Монро го донесе парфемот до слава.

Историја

Ерата на Коко Шанел

Поврзано: Coco Chanel Габриел "Коко" Шанел е родена во 1883 година и нејзиното родено име е Габриел Бонер Шанел. Таа основа нови дизајни и направи пресврт во модната индустрија со „враќање во основите“ спојувајќи ја елеганцијата, класиката и оригиналноста. Таа цврсто владее со Шанел од 1909-1971 и достојно ја носи титулата „Главен дизајнер“ сè до нејзината смрт на 10 јануари 1971.

Основање и реализирање 1909 сè до 1920-тите=

Во 1909, Габриел Шанел отворла продавница на огромниот под во Куќата на Етјен Балсан во Париз – тоа се почетоците на она што подоцна ќе стане од најголемите модни владеења во светот. Во Куќата Балсан беше место за среќавање на елитата од Франција и водењето на џентламените на своите елегантни дами, давајќи и можност на Коко да ги продава женските украсени капи. Во меѓувреме Шанел започнала врска со Артур 'Бој' Капел член на машката Балсан група.

Тој во Коко видел бизнис-жена кој и помогнал да си обезбеди локација на ул. Камбон бр.31 во Париз во 1910 година. Во зградата веќе имало високо модни продавници и на Коко не и било дозволено да произведува високо модни фусстани. Во 1912, Коко Шанел ја отвори нејзината прва модна продавница за шапки и украси за глава во Париз, а во 1913 Шанел ја воведува женската спортска облека во нејзиниот нов бутик во Довил и Биариц во Франција. Дизјните на Шанел имаат за цел да бидат едноставни, отколку богати на изглед. Таа ја мразела модата на жените кои доаѓале од тие градови. Првата светска војна ја погоди модата. Јагленот беше редок и жените морале да работат во фабриките, а мажите да одат во војна. Ним им била потребна топла облека за да ги издржат условите во кои работеле. Дизајните на Шанел од тој период биле погодени од новата идеја за женскиот спорт. Во текоѕ на Првата светска војна, Коко отвори поширока продавница на ул.Камбон пред Хотелот Риц Париз. Таму продава фланели, спортски блузи, прави ленени сукњи, морнарски горни делови, горни волнени џемпери (блузони) и кратки палта. Со нејзината тешка финансиска ситуација во раните години од нејзината дизајнерска кариера Шанел првенствено купува волна поради нејзината ниска цена. Добрите и згодни составувања на ткаенината од дизајните на Шанел кои се едноставни и практични и често инспирирани од машката облека, особено преовладуваат машките униформи при завршувањето на Првата светска војна во 1914 година. Нејзината мода стана позната во 1915 низ цела Франција, поради нејзината едноставност. Низ годините 1915 и 1917 Harper's Bazаar спомнува дека името на Шанел "е на списокот на секој купувач". Нејзиниот бутик на ул. Камбон бр.31 едноставно напредуваше, дневни фустани со крзнени капути и црни вечерни фустани со тантели или со црни везени тулови (таа исто така полни перници и метална градба на софи).

Коко Шанел ја оформи својата репутација како прекцизен моден творец. Следејќи ги модните трендови од 1920 Шанел дизајнира дилги фустани. Костумот во две или три парчиња создаден во1920 продолжва да биде во елегантен или модерен стил. Костумот е препорачан како "нова унифрома за попладне и навечер сè до 1915". Во 1921 се забележа излагањето на првиот парфем Chanel No.5. Ернест Бо го пресоздаде мирисот и таа го нарече по нејзиниот среќен број 5. Мирисот стана успешен. Препознатливиот парфем е како резултат на нејзината доверба во суеверија. Таа планираше да ја покаже нејзината колекција на 5-тиот ден од 5-тиот месец. Во 1923 година, Коко го информира Harpers Bazaar дека "едноставноста е клучна забелешка за вистинската елеганција".

Бизнис партнери во доцните 1920-ти

Теофил Бадер (основач на успешната француска стоковна куќа Gallerie Lafyette) каде Коко ја претстави на Пјер Вертејмер. Вертејмер задржува 70 % од парфемите Шанел додека Бадер 20% и Коко најмалку 10%. Коко е приморана да делува врз нејзиниот дизајнерски бизнис од страна на Шанел парфемите. Во 1924 Коко го претстави нејзиниот прв комплет накит кој е составен од пар бисерни обетки, еден црн а другиот бел. Во текот со успесите во високомодниот бизнис Коко ја прошири нејзината "Социјална покасуваност и нејзината сопствена легенда". Друг љубовен интерес во нејзиниот живот е војводата од Вестминистер. Таа го стави нејзиниот потпис и на везено палто во 1925 и во 1926 Little black dress и волнената облека инспирирана од посетата Шкотска. Наскоро Коко отвора бутик блиску до Лувр.

Таа е незадоволна од партнерството со Пјер Вертејмер мислејќи дека заслужува повеќе од 10% од профитот и мисли дека Вертејмер го искористува нејзиниот талент за негови цели. Вертејмер ја потсетува дека тој го создал ризикот и дека ја направил богата жена.

Коко го најмила Рене де Шамбрун како нејзин правен застапник за преговарањата за роковите со Вертејмерови, но оваа намера била неуспешна.

Шанел и нацистичко здужување од 1930 до 1950 година

Вечерните дизајнирани фустани од Шанел се како дел на проширувањето и продолжувањена стилот на жената. Летните фустани имаат контрасни светкави допири (пример ремен од светкави камења и сребрени дупчиња) Коко дизајнира за мали жени во 1937 година. Низ 1930-тите Елса Шиапарели била вистински соперник на Куќата на Шанел но тоа траело кратко. Во 1932 година Шанел премиерно изложува накит направен од дијаманти. Неколку парчиња вклучувајќи ги овде герданите "Comet" и "Fontain" беа повторно претставени во 1993 година. Со започнувањето на Втората светска војна во 1939 година Коко Шанел се пензионира и се преселува во Хотелот Риц Париз заедно со нејзиното ново момче нацистичкиот офицер Ханс Гунтер вон Динклејџ. Само нејзините парфеми и модни додатоци беа продадени во нејзините преостанати бутици.

Кога Франција падна под контрола на германскиот нацизам на Адолф Хитлер во 1940 година, нацистите, хотелот Морис го направија богат и ексклузивен, тој е сместен на улица Риволи наспроти Лувр. Тоа беше случајно и многу близу (само десно околу аголот) до локацијата на улицата Камбон. Во 1940 година Пјер Вертејмер и неговата фамилија одлетаа во САД во 1940 година и пред Коко да ја заземе контролата на Шанел парфемите, Вертејмер го постави "Арјан застапник" на компанијата. Се ширеа гласини дека Коко соработува со германците. Биографот на Шанел, Едмонд Шарл Рукс изјавил дека германците ја пратиле да го "посети Вистон Черчил" како дел од тајната мировна мисија. Коко Шанел веднаш била уапсена по ослободувањето на Франција и обвинета за поттикнување на германците, Черчил интервернирал во нејзина корист и таа била ослободена. По падот на нацистичкото владеење Франција била ослободена и многу французи ги казнувале француските жени со строги казни бидеќи мислеле дека соработувале со нацистите во Франција. Тие биле нарекувани "хоризонтални соработници" или на англиски "On their backs colaborators", ставајќи крај на сето тоа. Коко Шанел стана мета и предмет на оговарање и таа замина во Швајцарија по завшувањето на војната.

Во отсуство на Коко, Пјер Вертејмер се вратил во Париз за да ги контролира неговите компании. И покрај тоа, Коко создаде своја сопствена колекција на парфеми. Вертејмер ги изгубл неговите легални права но сакал да ја избегне правната битка и се договорил со Коко давајќи и 400,000 американски долари, 2% од богатството на Шанел прозиводите и и дал ограничено право за да ги продава нејзините сопствени парфеми во Швајцарија. По договорот Коко престанала да произведува парфеми. Таа целосно ги продава правата на нејзиното име на Вертејмерови за Шанел парфемите во замена со месечна плата. Платата ја издржуваше неа и нејзиниот преијател, вон Динклејџ.

Враќањето на Шанел од 1950-1970

Шанел се враќа во Париз во 1953 година за да ја открие модната сцена која е опседната од Кристијан Диор и многу други женски брендови за кои самиот и дал "New look" кредит. Коко Шанел брилијантно одговара на предизвикот. Таа призна дека модниот пазар е изменет и дека е потребно да го "улови". Станувајќи повторно способна да достигне висока цена. Шанел е потребно да има значително присусуство во високата мода, облека, додатоци за костуми, комплети, накити и мириси. Коко ја проголта својата гордост и го побара Пјер за бизниски совети и финансиско враќање. За возврат тој преговара за неговите целосни права врз сите производи што ги носи брендот Chanel. Но нивната отплатувачка соработка благородно беше исплатена од Шанел со нејзиниот непогрешлив стил, уште еднаш стана еднинствена и најпрестижна во цела мода. Најважно за брендот и почетоците во 1953 година е тоа што Коко соработува со производителот на накит Роберт Госен за да ја дизајнира линијата накит од Шанел чијшто иконски модни дизајни биле одлично поздравени. На пример таа ги парираше нејзините ново лансирани производи со потпис "Chanel Suit" (содржани од везени јакни од волна со сукња) со долги линии одцрни и бели бисери поставени на костумот додека во исто време истовремено додавајќи му степен на женственост, и на тој начин светкањето добива стог изглед.