Цветко Трајков — македонски револуционер - анархист, член на Гемиџиите и учесник во Солунските атентати.
Животопис
Трајков е роден во Ресен, тогаш во Османлиското Царство. Се вклучил во македонското револуционерно движење, дел од структурите на Македонскиот комитет во Софија и станал телохранител на Борис Сарафов.
Во 1900 година имал околу 40 или 50 години и бил тешко болен од туберкулоза.Благов, Крум. 50-те най-големи атентата в българската история, Атентат № 2.
Дошол во Солун и им се придружил на Гемиџиите. Како нивни член учествувал во Солунските атентати. Тој добил задача да го ликвидира солунскиот валија Хасан Фехми Паша.
Според Павел Шатев, Цветков атентатот врз валијата сакал да го изврши пред главните напади но останатите атентатори го убедиле да почека, бидејќи убиството на валијата би можело да ја раздвижи полицијата и војската и со тоа да дојде до откривање на атентатите.
По главните напади, Цветко го следел валијата кој се обидувал да го убеди населението дека ќе биде воспоставен редот и мирот во Солун.
На 1 мај (нов стил)Хр. Силянов „Освободителнитѣ борби на Македония“, том I, 259 стр. во квартот „Пиргите”, Трајков прави обид за извршување на атентатот, но телохранителите на валијата го оттргнале од пајтонот и тој се оддалечил малку ја активирал бомбата седнал врз неа и се разнел пред очите на валијата.
Извори
Литература Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително дело во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Институт за историја - Филозофски факултет, Скопје. К. Битоски, Солунски атентати, Скопје, 1985.
Категорија:Гемиџии Категорија:Солунски атентатори Категорија:Македонски револуционери Категорија:Анархисти Категорија:Луѓе од Ресен