Ефтим Таковски (, Пехчевско, - , ) — македонски новинар, писател и првиот портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Животопис

Таковски е роден на 24 октомври 1949 година во пехчевското село Умлена. Основно образование завршил во родниот крај и во Скопје, каде што завршил средно машинско училиште. Тој дипломирал на Филолошкиот факултет. Работел во културната рубрика на весникот „Вечер“, и во МТВ. Бил еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ, каде што од почетокот го водел секторот за информирање.

Таковски се посветил на филмската и на телевизиската уметност, снимајќи неколку серии со историска тематика за Македонската телевизија, а компонирал и музика за своите телевизиски остварувања. Починал во Скопје на 22 декември 2006 година.

Библиографија Книжевната периодика и весниците објавувал повеќе раскази и книжевна критика, а негови трудови се преведувани на француски, англиски и руски јазик. Автор е на збирките раскази: Соба за разговор (Култура, 1983), Господарот на вечниот пес (Култура, 1991). Избрани раскази

Наводи

Категорија:Луѓе од Умлена Категорија:Македонски новинари Категорија:Македонски раскажувачи Категорија:Македонски книжевни критичари Категорија:Македонски композитори Категорија:Македонски политичари Категорија:Југословенски новинари Категорија:Југословенски писатели Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Категорија:Политичари од ВМРО-ДПМНЕ