Иравади — река која извира од водите на стопените ледници во источните Хималаи. Ирaвади тече кон југ и кај градот Мандалај се соединува со водите на Чиндвин. Во својот натамошен тек кривули низ сувите централни области во Мјанмар (Бурма), кои ги снабдува со вода за наводнување. Источно од планинската област Аракан Јома, Ирaвади тече низ тесна долина, образувајќи западно од Тајландскиот Залив триаголна делта. Градот Рангун се наоѓа на еден од многуте ракави на делтата.

Наводи

Категорија:Реки во Мјанмар