Новарупта () — највисок вулкан во Катмајската област на Алјаска којшто се создал во 1912 година. по најголемата вулканска ерупција што се случила во 20 век. За 60 часа овој вулкан исфрлил околу 30 км2 риолитна магма богата со сицилиум. Од тоа најголем дел паднал на земјата во вид на пепел, а остатокот создал пирокластични текови - како оние во Долната на Десет Илјади Чадови. На крајот на ерупцијата се зодаделе две калдери. Една нејасна плитка вдлабнатина, широка околу 2 км, се создала на Новарупта на отровот од кој е исфрлен пепел од оваа долина, а била придружена со издигање на купола од лава, висока 65 м и широка 380 м. Многу поголема калдера, широка околу 5 км се создала на Катмајскиот вулкан 16 км источно, кога неговите подземни магматски резервоари се излеале кон Новарупта. Траги од пепел по ерупцијата од 1912 г. се пронајдени во средишните делови на грендландските ледници.

Надворешни врски USGS collection of descriptions of Novarupta USGS QuickTime video clip on Novarupta (36 seconds/0.8 MB) geology.com, Novarupta - топографски мапи и сателитски снимки Alaska Volcano Observatory: Novarupta USGS Photographic Library - novarupta

Наводи

Категорија:Вулкани во Алјаска Категорија:Планини во Алјаска Категорија:Лавини куполи