алт=Натали Вуд сликана во нејзиниот дом во Лондон во Белгравија|мини|Натали Вуд сликана во нејзиниот дом во Лондон во Белгравија Натали Вуд, родена како Наталија Николаевна Захаренко (руски: Наталья Николаевна Захаренкo, 20 јули 1938 - 29 ноември 1981) била американска глумица.
На четиригодишна возраст, Вуд започна да глуми во филмови и стана успешна детска ѕвезда во филмовитe: Чудо на 34-та улица од 1947. Доброприфатена изведба покрај Џејмс Дин во Бунтовник без причина и донесе номинација за Оскар за најдобра споредна женска улога. Потоа, таа имаше главна улога во мјузиклите: Приказна од западната страна(1961) и Џипси (1962). Исто така, таа се здоби со номинации за Оскар за нејзините изведби во филмовите: Сјај во тревата (1961) и Љубов со вистински странец(1963).
Нејзината кариера успешно продолжи со глумење во филмови како што се: ”Боб и Керол и Тед и Алис” (1969). По овој филм, таа направи пауза од глумата и имаше две деца, појавувајќи се во само два театарски филма за време на 70-те години. Таа двапати беше во брак со глумецот Роберт Вагнер. Беше во брак и со продуцентот Ричард Грегсон. И со двајцата имаше по една ќерка: Наташа Грегсон и Корни Вагнер. Нејзината помлада сестра, Лана Вуд, исто така, е глумица. Вуд имаше главна улога во неколку телевизиски продукции, вклучувајќи го и римејкот на филмот Одовде до вечноста (1979) за кој ја освои наградата Златен глобус.
Вуд се удави на 43-годишна возраст во близина на островот Санта Каталина,Калифорнија. Таа сè уште не го беше завршила својот последен филм, научнофанатастичната драма Бреинсторм (1983) со Кристофер Вокен, кој беше прикажан посмртно.
Животопис Детство и детска слава Натали Вуд е родена во Сан Франциско како Наталија Николаевна Захаренко, чиишто родители се имигранти од Русија, Марија Степанова (родена како Зудилова) и Николај Захаренко. Нејзиниот татко е роден во Владивосток и семејството побегнува од Русија за време на Револуцијата.Тој беше испратен да живее со роднини во Канада, но подоцна се преселува во Сан Франциско каде работел како надничар и дрводелец. Мајката на Натали потекнува од Сибир, но израснала во градот Харпин. Таа го опиша своето семејство со вметнување детали во мистериозни приказни каде тие се или цигани или земјопоседнички аристократи .
Во својата младост, мајката на Натали сонувала да стане глумица или балерина. Биографот Ворен Херис пишува дека во сиромашните околности на семејството ,нејзината мајка можеби ги пренасочила своите копнежи кон нејзината средна ќерка Натали. Нејзината мајка ја водела Натали на кино колку што можела почесто. Професионалната обука на Натали беше гледањето холивудски ѕвезди од скутот на мајка си.-констатира Херис. Подоцна, Натали ќе се присети на овој ран период:
..Мојата мајка имаше навика да ми каже дека камерманот кој го посочува својот објектив на публиката при завршетокот на филмските новости на Парамоунт ме сликаше мене. Јас ќе се наместев и насмеев како тој да ќе ме направеше славна или така нешто. Верував во сè што мајка ми ќе ми кажеше.
Веднаш по нејзиното раѓање во Сан Франциско, нејзиното семејство се преселува во близина на округот Сонома и живее во Санта Роса,Калифорнија, каде Вуд беше забележана за време на снимање филм во центарот на Санта Роса. Набргу, нејзината мајка одлучи семејството да се пресели во Лос Анџелес каде ќе ја започне кариерата на својата ќерка. Вуд имаше една помлада сестра, Светлана Захаренко (Лана Вуд), која исто така, стана глумица, а потоа и девојка на Бонд. Таа и Лана имаат постара полусестра Олга Вириапаеф. Иако Натали е родена како Наталија Захаренко, нејзиниот татко подоцна го промени презимето во “Гурдин”, а Натали беше често позната како “Наташа”, деминутивната форма од Натали. Подоцна, Холивуд ќе го смени нејзиното име во Натали Вуд, име кое никогаш вистински не ѝ значеше.
Неколку недели пред да наполни пет години, Вуд го имаше својот прв деби на филм во сцена од 15 секунди во филмот „Среќна земја“. Без оглед на на краткиот дел во филмот, таа го привлече вниманието на режисерот Ирвинг Пичел, кој остана во контакт со нејзиното семејство две години, сè додека некоја друга улога не се појави. Режисерот ја повика мајката на Наташа и ја замоли да ја доведе Наташа на пробно снимање за филмско платно во Лос Анџелес. Нејзината мајка беше толку многу возбудена за можностите, така што “бурно издраматизира и го натера целото семејство да се преселат во Лос Анџелес и таму да живеат.”-пишува Харис. Нејзиниот сопруг се противеше на целата идеја, но нескротливата желба на сопругата да ја направи Наташа ѕвезда беше од суштински приоритет.
Вуд, тогаш на 7-годишна возраст, ја доби улогата и глумеше германско сираче покрај Орсон Велс и Клодет Колберт во филмот Утре е засекогаш. Велс потоа ќе изјави дека Вуд е роден професионалец ”толку добра, што е застрашувачка.” Додека снимаше друг филм, режиран од страна на Пичел, нејзината мајка потпиша договор за улога со студиото 20th Century Fox, за нејзината прва голема улога, класичниот божиќен филм Чудо на 34-та улица, што ја направи една од најголемите детски ѕвезди во Холивуд.
Само неколку месеци откако филмот ќе биде прикажан, таа стана толку многу популарна што Мејси ќе ја покани да се појави во годишната парада на стоковната куќа за Ден на благодарноста. Како дете, таа ќе се појави во повеќе од 20 филма, појавувајќи се покрај ѕвезди како што се: Џин Тирни, Џејмс Стјуарт, Морин О’Хара, Бет Дејвис и Бинг Крозби. Како детски глумец, каде и да глумеше,нејзиното официјално образование се одвиваше во филмските студија. Законот на Калифорнија наложува дека до 18-годишна возраст, глумците би требало да поминуваат најмалку по 3 часа дневно во училница. Забележува Харис: „Таа беше одличен ученик со сите петки. И едно од ретките деца-актери кои се истакнале по аритметика“. Режисерот Џосеф Л.Манкиевиц кој го режираше Духот и г-ѓата Мјур (1947) изјави дека –за сите години во овој бизнис, никогаш не сум сретнал попаметно девојченце. Вуд се сеќава на овој период: „Секогаш се чувствував виновна кога знаев дека тимот само седеше и ме чекаше да ги завршам моите три часа. Веднаш штом учителката ќе не пуштеше да си одиме, јас ќе дотрчав до местото на снимањето колку што можев побрзо.“
Тинејџерска слава На 16-годишна возраст, Вуд успешно го направи преодот од детска ѕвезда во млада жена,кога глумеше заедно со Џејмс Дин и Сал Минео во Бунтовник без причина,филмот на Николас Реј за тинејџерскиот бунт. Таа беше номинирана за Оскар за најдобра женска споредна улога. По ова следеше мала, но судбоносна улога во вестерн филмот на Џон Форд, „Трагачи“ во кој исто така глумеше Џон Вејн, а се појави и сестрата на Вуд, Лана која ја глумеше помладата верзија на нејзиниот лик во првичните сцени на филмот. Во 1956, таа дипломираше од средното училиште Ван Њус. Со потпишаниот договор со Ворнер Брадерс, Вуд постојано работеше во текот на преостатокот од деценијата и имаше улоги на девојки во кои таа не наоѓаше некакво задоволство. Студиото и додели улоги во два филма покрај Таб Хантер,надевајќи се да го претвори дуото во голем финансиски успех на билетарниците...кој никогаш не се оствари.Меѓу другите филмови кои таа ги сними во овој период се: „Кралевите одат напред“ од 1958 и „Марџори Морнингстар“. Како Марџори Морнингстар, таа глумеше млада Еврејка во градот Њујорк, која треба да се справи со општествените и религиозните очекувања на нејзиното семејство,додека таа се обидува да го пронајде својот пат и изгради свој идентитет.
Подоцнежна кариера По појавувањето во филм кој беше фијаско на благајните, „Сите фини човекојадци“, кариерата на Вуд беше спасена со добивање главна улога покрај Ворен Бити во филмот „Сјај во тревата“ (1961) на режисерот Елија Казан за кој се здоби со номинација за „Оскар“ за најдобра женска улога, „Златниот глобус“ и наградите Бафта. Во 1961, исто така, Вуд ја глумеше улогата на Марија во мјузиклот „Приказна од западната страна“ во режија наЏером Робинс и Роберт Вајс, кој доживеа голем успех на благајните и наиде на добар прием кај критиката,но сепак деловите со пеењето беа испеани од страна на Марни Никсон.Вуд пееше кога имаше главна улога во филмот Џипси од 1962 г. Таа глумеше во комедијата-фарса „Големата трка“, заедно со Џек Лемон, Тони Кертис и Питер Фалк. Во 1964 година, Вуд се здоби со нејзината трета номинација за „Оскар“ и уште еден „Златен Глобус“ за филмот „Љубов со вистински странец“ во кој глумеше со Стив Меквин.
Иако многу од филмовите на Вуд беа комерцијално профитабилни, нејзинита глума беше понекогаш критикувана.Во 1966 г. таа ја прими наградата Харвард Лампун-сатиричен памфлет за најлоша глумица на годината.Таа беше првиот изведувач кој ја прими оваа награда лично во историјата на овие награди,и Харвард Кримсон напиша дека таа е прилично добар ортак. Спротивно на тоа ,режисерот Сидни Полак изјави-кога таа беше вистинска за улогата,не постоеше некој подобар. Таа беше проклето добрa глумица. Други значајни филмови во кои таа имаше главна улога беа :Дејзи Гловер од 1965 и „Овој имот не е погоден за живот“. И во обата филма глумеше покрај Роберт Редфорд и тие и ги донесоа следните номинации за „Златен глобус“ за најдобра глумица. И во едниот и во другиот филм ,чие дејство се одвиваше за време на Големата економска криза од 1930-тите години, Вуд глумеше девојка од мал град со големи соништа. По прикажувањето на филмовите Вуд доживува емоционален слом и бара професионална терапија. Во текот на ова време ја одби улогата во филмот Бони и Клајд,која подоцна ќе и биде доделена на Феј Данавеј,бидејќи не сакаше да биде одвоена од својот психоаналитичар.
Откако направи пауза од три години од глумецството, Вуд глумеше во филмот „Боб и Керол и Тед и Алис“, комедија за сексуално ослободување. Таа година,филмот беше еден од десетте најуспешни филмски хита на благајната, и Вуд доби 10 проценти од заработката од филмот. Откако во 1970 г. остана бремена со нејзиното прво дете,Наташа Грегсон,таа се повлече малку од глумецството и одглуми само уште во четири филма до крајот на животот. Во 1972 година се појави во Кандидатот, обединувајќи се по третпат со Роберт Редфорд. На големото платно,повторно се обедини и со Роберт Вагнер во филмот „Афера“, телевизиска адаптација на Мачка на вжештениот,лимен покрив и имаше кратки појавувања во некои шоу програми. Во текот на нејзините две последни години од животот,Вуд започна да работи почесто затоа што нејзините ќерки пораснаа и тргнаа на училиште. Меѓу филмските улоги што Вуд ги одби за време на паузата од нејзината кариера беа улогата на Али Мекгроу во Збогум Колумбо,Миа Фароу во Прекрасниот Гетзби и Феј Данавеј во Пеколната кула.Наместо,Вуд одбра да глуми во филм за природна катастрофа Метеор со Шон Конери од 1979 година и секс комедијата Последната брачна двојка во Америка од 1980 г. Во 1979,таа имаше поголем успех на телевизија,се здоби со високо реноме,со поголема гледаност и добар прием кај публиката за фабриката Крекер и особено посебно за мини серијата Одовде до вечноста со Ким Бесинџер и Вилијам Дивајн.Во 1980 година,ја освои наградата Златен глобус За нејзината изведба во серијата.Истата година,имаше главна улога во филмот Сеќавање на Ева Рикер која се покажа како нејзината последна завршена продукција.