За други значења видете на појаснителната страница за Благоја Марковски

Благоја Марковски (, - , ) бил познат македонски телевизиски режисер.

Животопис Марковски е роден во Битола во 1949 година, во Загреб дипломирал режија, а целиот свој работен век го минал во Македонската телевизија. Марковски оставил белег во речиси сите телевизиски жанрови, од кои најпознати се музичките серии: „Самовила град градила“, „Песната на ангелот“, како и фестивалските преноси, документарните емисии, телевизиски патописи и репортажи, за дел од кои бил наградуван. На последниот југословенски телевизиски фестивал во Неум ја доби наградата Гран-при за режија на документарната драма „Мојот татко Изет“. Починал на 28 октомври 2008 во Битола. Наводи

Категорија:Луѓе од Битола Категорија:Македонски режисери