Смрдешница — археолошко наоѓалиште во тетовското село Волковија, т.е средновековна населба и некропола. Се наоѓа источно од селото, на падините на Сува Гора, каде се гледаат темели од градби и во нивната близина камени плочи од гробни конструкции. Има и фрагменти од керамички садови и множество градежен материјал. Според историските извори, на овој простор се наоѓало некогашното село Смрдешница.
Наводи
Поврзано
Рудина — населба од доцноантичко време во Волковија
Категорија:Волковија (Тетовско)