Денис Тито () — американски инженер и мултимилионер, најпознат по тоа што бил првиот турист во вселената.

Четириесет години откако Јуриј Гагарин станал првиот човек што престојувал во вселената, Тито во 2001 г. направил нова пресвртица во проучувањето на вселената, станувајќи прв вселенски турист во светот. Тој платил 20 милиони долари за да може како дел од програмата на руската вселенска станица да помине шест дена во Меѓународната вселенска станица.

Категорија:Вселенски туристи Категорија:Живи луѓе