Народниот театар Иван Вазов е театар кој се наоѓа во Софија, Бугарија. Овој театар е најстариот во земјата, кој бил изграден по ослободувањето на земјата во 1878 година, и наследник на софиската драмска група Солза и смех.

Во текот на својата историја, во периодот од 1952-1962 година, театарот се викал Крсто Сарафов, а од 1962-1977 и по 1982, Иван Вазов.

Објектот бил изграден до денешната Национална уметничка галерија, по проект на Херман Хелмер и Фердинанд Фелнер. Изградбата била завршена во 1906 година. Во 1923 година, објектот бил опожарен, а по ова повторно бил реновиран во 1929 година. во времето на бомбардирањето на Софија во времето на Втората светска војна, објектот бил делумно оштетен, но по крајот на војната бил и повторно реновиран. За последен пат бил реновиран во 2007 година.

Категорија:Култура на Софија Категорија:Згради и градби во Софија Категорија:Знаменитости во Софија Категорија:Архитектурата во 1906 година Категорија:Театри во Бугарија Категорија:Национални театри