К-152 Нерпа (руски: „К-152 «Нерпа»“) — подморница тешка 8,140 тони, дел од проектот 971 Шчука-Б (НАТО: „Akula II“) и е подморница дизајнирана за јадрен напад. Изградбата на подморницата започнала во 1993 година, но била суспендирана поради недостаток на средства. К-152 Нерпа била лансирана во октомври 2008 година, а стапила во сервис на Руската морнарица кон крајот на 2009 година. Подморницата е исто така испорачана на Индиската морнарица во 2010 година.
Додека К-152 Непра била на испитување во Јапонското Море на 8 ноември 2008 година, се случила несреќа при што загинале 20 морнари, а 21 морнар бил повреден.
Категорија:Руски подморници