десно|мини|360x360пкс| Цветни видови. Секој цвет има цветна дршка долга неколку сантиметри. Цветна дршка или цветна петелка — стебленце (петелка) што го носи цветот,answers.com: flower-stalk, Пристапено на 30.1.2024. а се наоѓа под цветната ложа до листот во чии пазуви се развил цветот (прицветник — брактеја). Цветовите без цветна дршака се нарекуваат седечки.
Особености На цветната дршка се ноѓаат листови наречени прицветничиња. Присуството или отсуството на овие листови е значаен таксономски показател, и по правило, кај еднокотиледоните е присутен еден и тоа на иста страна со прицветникот, додека кај двокотиледоните има два и тоа на спротивната страна од него. Низ цветната дршка минуваат спроводни снопчиња и стигнуваат до цветната ложа.Татић, Б.& Петковић, Б. 1991. Морфологија биљака. Научна књига. Београд.
Значење Од особеностите на цветната дршка зависи и на кој начин ќе се сушат цветовите со помош на глицерин. Цветовите со тревеста дршка се сушат во топол раствор од глицерин, а оние со дрвенеста дршка се сушат на ладен.exclusive: „Савети - сушење цвећа“ , Пристапено на 30.1.2024.
Наводи
Категорија:Цвет Категорија:Растителна морфологија