Света Богородица претставува главната манастирска црква во тетовското село Џепчиште. Се наоѓа во месноста Голем Манастир. Оваа црква е градена во 1994 година, на простор на поранешна за која се дознава дека била градена во турско време. Сегашната манастирска црква ја подигнале браќата Ристо и Бранко Добревски од Џепчиште, кои живеат и работат во Бразил, Јужна Америка. Фрескоживописот е изработен од сликарите Мирко Видоески и Александар Настески. Главниот празник на кој се слави патронот на црквата е Голема Богородица на 28 август. Сквернавења
Од кога црквата била изградена во 1994 година, таа била мета на многу грабежи и сквернавења. Еднаш била и опожарена. Најголемиот грабеж се случил во 2008 година, кога било украдено камбанериското ѕвоно вредно преку 2000€. За време на воениот конфликт во Тетовско, црквата била оштетена, најмногу настрадал олтарот, каде што биле расфрлани црквоните утвари и бил обесветен Светиот престол. На 4 февруари 2006 година црквата била намерно опожарена. Од пожарот целосно изгорел нејзиниот внатрешен дел, додека иконостасот бил спасен. Во 2010 година, ноќта меѓу 1 и 2 февруари, во близина на црквата каде се наоѓа монашки гроб стар 700 години било извршено сквернавење од страна на диви копачи. Откако земјата била раскопана, таа повторно била вратена во гробот.
Поврзано Црква „Св. Атанасиј“ - Џепчиште
Наводи
Категорија:Македонската архитектура во 1994 година Категорија:Џепчиште Џепчиште Категорија:Градби оштетени за време на Воениот конфликт во Македонија