Вистинска крв (оригинал англиски: True Blood) е американска телевизиска серија создадена и продуцирана од Алан Бол. Вистинска крв е заснована на серијалот романи Јужните вампирски мистерии од Шарлин Харис, и се занимава со заедничкото живеење на вампирите и луѓето, во измислено мало гратче во Лузијана, наречено Бон Темпс. Централна личност во серијалот е Суки Стакхаус (Ана Пакин), келнерка со телепатски способности, која работи во бар, која се вљубува во вампирот Бил Комптон (Стивен Мојер).

Серијата премиерно се емитува на кабловската програма HBO во Соединетите Американски Држави. Продукцијата е на HBO во соработка со продукциската компанија на Бол, Your Face Goes Here Entertainment. Првата епизода беше прикажана на 7 септември 2008 година.

Првата сезона доби многу критички признанија и освои неколку награди, вклучувајќи Златен глобус и Еми. Втората сезона на серијалот премиерно беше прикажана на 14 јуни 2009 година. Десеттата епизода од втората сезона (23 август 2009 година) ја виделе 5,3 милиони гледачи, што е нов рекорд за серијата. Финалето на втората сезона (13 септември 2009 година) го виделе 5,1 милиони гледачи. Просечно 12,4 милиони неделно ја гледале втората сезона.Деветтата епизода од четвртата сезона (21.08.2011) поставиla нов рекорд со 5,53 милиони гледачи, што ја прави најгледана епизода до сега

Наводи

Категорија:Телевизиски серии