Туниските протести или Туниската револуција започнала кон крајот на 2010 година, а продолжила и во текот на 2011 година. Оваа револуција е позната ѝ како Јасминова револуција.
Протестите започнале кон крајот на декември 2010 година, кога трговецот Мухамед Буазизи се самозапалил како протест за конфискувањето на неговата стокаTunisia suicide protester Mohammed Bouazizi dies, BBC, January 5, 2011.. Ова социјално незадоволство ја опфатила целата земја. Во почетокот, целта на демонстрациите биле од социјален карактер, крај на полициското насилство, намалување на невработеноста и цените на прехранбените производи, зголемување на минималната плата, поголема борба со корупцијата и слично. Но набргу, протестите преминале во политички карактер, и целта на истите станала паѓање на режимот на претседателот и демократизација на земјата.
Овие протести претставуваат најголемите во земјата по три декади. Револуцијата довела до бегство на претседателот Зин ал Абидин бен Али на 14 јануари 2011 години по 23 години власт. По бегството на претседателот, во земјата била формирана привремена влада, во која биле вклучени и членовите на партијата на претседателот, како и членовите на опозицијата. Но, пет министри го напуштиле министерството односно владата, и од 21 јануари секојдневните протести во Тунис продолжиле, барајќи во новата влада да нема членови од партијата на претседателот. Жртвите од востанието се над 78, а повеќе од 100 се повредениhttp://www.dnes.bg/world/2011/01/21/tridneven-traur-za-jertvite-pri-protestite-v-tunis.109311.
Протестите и промената на власта во самата земја се познати како Туниска револуција на достоинството. Во западните медиуми пак, овие настани се познати како Јасминова револуцијаGoogle Translate.
Наводи
Категорија:Тунис во 2010 година Категорија:2011 во Тунис Категорија:Нереди во 2010 година Категорија:Нереди во 2011 година Категорија:Арапска пролет