220п|thumb|МРТ е најголема и најстара медиумска куќа во Македонија Телевизијата во Македонија — за прв пат претставена во педесетите години на 20 век, а во 1964 година започнало емитувањето на сигналот на Телевизија Скопје. Денес во Македонија има број на слободни и заклучени телевизиски содржини кои се достапни преку различни сервиси, на кои има повеќе од 200 домашни, регионални и странски телевизиски станици.
Од 1 јуни 2013 година телевизиската содржина во Македонија се создава во дигитален формат, по гасењето на аналогниот земски сигнал низ целата држава. Дигиталната содржина е достапна преку земска мрежа, сателит, кабелска мрежа и интернет телевизија. Сепак, дел од кабелските оператори преку својата мрежа сè уште емитуваат аналоген сигнал.
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги е задолжена за контрола на содржината која ја емитуваат домашните телевизиски станици и програмите што се реемитувани од телекомуникациските оператори.
Земска телевизија Историја
По поставуањето на првиот VHF предавател на радиодифузниот објект на Црн Врв, во јуни 1964 година започнал да се емитува првиот телевизиски сигнал, а веќе до крајот на годината започнала со редовна работа Телевизија Скопје. До крајот на шеесетите години целата територија на Македонија била покриена со телевизиски сигнал. Во февруари 1971 година се започнува со работа првиот предавател во боја, а до крајот на 1974 година е целосно развиена мрежата на предаватели и репетитори на сигнал во боја. Светското првенство во кајак на диви води во август 1975 бил прв настан кој РТВ Скопје го пренесува меѓународно во боја. Во 1978 година започнала со работа втората програма на Телевизија Скопје.
Кон крајот на осумдесетите и почетокот на деведесетите години со либерализацијата на медиумскиот пазар, се отвораат голем број на национални, регионални и локални телевизиски станици.
Дигитален пренос
Поради техничките ограничувања на аналогната телевизиска техника, преку истата на еден канал може да се пренесува само еден телевизиски сигнал, во стандардна резолуција (4:3 576i). За разлика, со дигитално кодирање на сигнал на еден канал можат да се пренесуваат повеќе телевизиски станици во висока резолуцја. Од тие причини, дел од европските држави преминот кон дигитална телевизија го започнале во деведесетите години. Поради сето ова, но и поради долгорочните планови да се ослободи дел од VHF и UHF подрачјето кое се користи за пренос на аналогна телевизија, во 2008 година започнала постапката за воведување на дигитално земско емитување.
Дигиталната телевизија во Македонија беше започната во ноември 2009. Платформата е лансирана од страна на операторот ONE под името "BoomTV", која потоа беше преземена од Vip при спојувањето на двата мобилни оператори и истата се нудеше под името Vip TV Lite, а потоа се преименува во A1 TV Lite, од кога A1 ја купи Vip. Каналите во стандардна дефиниција се емитуваат преку MPEG-2 методот за компресија, а каналите во висока дефиниција се емитуваат преку MPEG-4 методот за компресија. Околу шеесет канали се достапни за гледање, меѓу кои спаѓаат и сите национални телевизиски мрежи, вклучувајќи ја Македонската Телевизија. Дигиталната телевизија во Македонија моментално е достапна за 95% од населението во Македонија.
Интернет телевизија (IPTV) На 17 ноември 2008 година, Македонски Телеком ја вовел првата IPTV (интернет телевизија) платформа во Македонија, наречена „MaxTV“ која ги пренесува содржините преку интернет протокол. На 17 февруари 2016 година Неотел, под брендот „NeoTV“ ја вовел својата платформа за интернет телевизија. Поради далеку поголемиот проток на податоци возможен преку интернет протокол, овие оператори се во можност да понудат далеку поголема количина на содржини во висока резолуција споредно со класичните начини за пренос. Интернет протоколот исто така овозможува пристап до т.н. содржини по желба (), како видеотека на телевизиска содржина емитувана во одреден претходен период и ризница на филмски и останати содржини, услуги кои се дел од понудата на двата оператори. Ова ја прави интернет телевизијата далеку поинтерактивна и богата со други содржини кои не се возможни кај други видови на пренос, пред сè поради практичните технички ограничувања.
Кабелска телевизија
Кабелската телевизија е високо развиена во Македонија, со пенетрација до 67% во македонските домаќинства. Вкупно има 49 услужници на кабелска телевизија во Македонија, од кои најистакнати се кабелските оператори A1 (поранешен Vip) и Телекабел, кои држат окопу 80% од пазарот. Истите овие два кабелски оператора нудеа телевизиски пакети преку аналоген сигнал сè додека пред почетокот на 2021 година операторот А1 го изгаси аналогниот сигнал, сега само Телекабел нуди аналоген сигнал. Дигитален сигнал нудат и двата оператори, а од почетокот на 2007 година нудат и Трипл плеј (TriplePlay) пакети.
Број на телевизиски претплатници по години
2010 238.695 41,24% 165.028 69,14% 30.123 12,62% 42.890 17,97% 654 0,27% 2011 251.584 43,33% 159.539 63,41% 40.129 15,95% 50.435 20,05% 1.481 0,59% 2012 278.140 47,76% 172.835 62,14% 66.541 23,92% 37.452 13,47% 1.312 0,47% 2013 339.923 58,19% 178.955 52,65% 88.125 25,92% 58.277 17,14% 14.566 4,29% 2014 358.833 61,24% 185.608 51,73% 98.798 27,53% 58.506 16,30% 15.921 4,44% 2015 381.110 64,84% 209.600 55,00% 103.028 27,03% 50.929 13,36% 17.553 4,61% 2016 392.747 66,61% 219.075 55,78% 108.820 27,71% 45.380 11,55% 19.472 4,96% 2017 394.376 66,68% 214.086 54,28% 118.432 30,03% 41.506 10,52% 20.352 5,16% 2018 405.167 68,30% 210.191 51,88% 128.855 31,80% 44.347 10,95% 21.774 5,37% 2019 418.323 70,30% 212.754 50,86% 137.745 32,93% 45.330 10,84% 22.494 5,38% 2020 420.182 70,40% 208.803 49,69% 144.576 34,41% 43.009 10,24% 23.794 5,66% 2021 426.865 71,31% 209.064 48,98% 150.224 35,19% 42.097 9,86% 25.480 5,96% Забелешка 1.Процентот на домаќинства кои се претплатени на одреден сервис не е податок кој е претставен во годишните извештаи на АЕК. Процентот прикажан е пресметан под претпоставка дека растот на бројот на домаќинства помеѓу пописите од 2002 и 2021 е линеарен, и дека нема повеќе од еден претплатник по домаќинство.
Телевизиски станици во Македонија Заклучно со јуни 2023 година во Македонија постојат 52 активни телевизиски канали, од кои осум се програмски сервиси на државната МРТ, а останатите 44 се приватни комерцијални телевизиски станици. Од нив, 11 се со национална, 18 со регионална, а пак 15 со локална покриеност.
Јавен програмски сервис Македонската радио-телевизија како јавен сервис во Македонија има осум програмски сервиси, од кои шест се емитуваат на државно ниво, а два се емитуваат преку сателит и се наменети за македонската дијаспора.
Сервиси на МРТ кои се емитуваат преку земски мултиплекс + Програма Мултиплекс Ниво на емитување Вид Јазик Седиште МРТ 1 70x70п|link=МРТ 1 национално колажен македонски Скопје МРТ 2 70x70п|link=МРТ 2 национално колажен албански Скопје МРТ 3 70x70п|link=МРТ 3 национално спортски македонски Скопје МРТ 4 70x70п|link=МРТ 4 национално колажен Скопје МРТ 5 70x70п|link=МРТ 5 национално детски македонски Скопје МРТ собраниски канал 50x50п|link=МРТ собраниски канал национално собраниски сервис двоен тон Скопје
Сервиси на МРТ кои се емитуваат преку сателит + Програма Сателит Достапност Вид Јазик Седиште МРТ Сат 70x70п|link=МРТ Сат Европа колажен македонски Скопје МРТ 2 Сат 70x70п|link=МРТ 2 Сат Европа колажен албански Скопје
Телевизиски станици со национална покриеност Во Македонија има 11 приватни телевизиски станици кои имаат дозвола за емитување на национално ниво од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Од нив, пет станици, членки на Македонската медиумска асоцијација, се достапни преку земската дигитална мрежа на мултиплекс под концесија на А1 Македонија, а еден е достапен преку сателит. Останатите пет телевизии се достапни само преку кабелските мрежи.
Телевизиски станици кои се емитуваат преку земски мултиплекс + Програма Мултиплекс Ниво на емитување Вид Јазик Седиште Мрежно место Алсат М 75п|link=Алсат М MUX 6 национално колажен македонски и албански Скопје Алфа ТВ 40п|link=Телевизија Алфа MUX 6 национално колажен македонски Скопје Канал 5 40п|link=Канал 5 MUX 6 национално колажен македонски Скопје Сител 40п|link=Сител MUX 6 национално колажен македонски Скопје Телма 30п|link=Телма MUX 6 национално колажен македонски Скопје
Телевизиски станици кои се емитуваат преку сателит + Програма Сателит Достапност Вид Јазик Седиште Мрежно место ТВ 21 40п|link=Телевизија 21 Европа колажен македонски и албански Скопје Забелешка ТВ21 има дозвола за емитување само преку кабелски мрежи во Македонија. Меѓутоа, сигналот на телевизијата е достапен преку сателит, бидејќи албанскиот телекомункациски провајдер ДигитАлб го реемитува истиот без енкрипција.
Телевизиски станици кои се емитуваат само преку кабелски оператори + Програма Ниво на емитување Вид Јазик Седиште Мрежно место ТВ 24 40п|link=Телевизија 24 национално колажен македонски Скопје Наша ТВ 75п|link=Наша ТВ национално колажен македонски Скопје Клан ТВ 40п|link= национално колажен албански Скопје ТВ Шења 40п|link= национално колажен албански Скопје ТВ Сонце 40п|link= национално колажен македонски Скопје Забелешка Телевизиите ТВ24 и Наша ТВ не го емитуваат својот сигнал преку сателит иако за тоа имаат активна дозвола од АВМУ.
Tелевизиски станици со регионална покриеност Телевизиски станици кои се емитуваат преку земски мултиплекс + Програма Мултиплекс Ниво на емитување Вид Јазик Седиште Мрежно место ТВ Едо 40x40px|link= колажен македонски Скопје ТВ ЕРА 40x40px|link= колажен албански Скопје МТМ 1 Скопска 40x40px|link= колажен македонски Скопје Б1 ТВ 40x40px|link= колажен македонскии ромски Скопје / КТВ Телевизија 40x40px|link= колажен македонски Кавадарци ТВ Коха 40x40px|link=Телевизија Коха колажен албански Тетово
Телевизиски станици кои се емитуваат само преку кабелски оператори + Програма Ниво на емитување Вид Јазик Седиште Мрежно место Тера ТВ 40п|link=Тера Телевизија колажен македонски Битола ТВМ ТВ 40п|link= колажен македонски Охрид ТВ Стар 40п|link= колажен македонски Штип ТВ Вис 40п|link= колажен македонски Струмица ТВ Ирис 40п|link= колажен македонски Штип / ТВ Кобра 40п|link= колажен македонски Радовиш / ТВ Полог 40п|link= колажен албански и македонски Тетово ТВ ТопЕстарда 40п|link= забавен албански Тетово ТВ 3 40п|link= колажен Дебар / Kiss&Менада ТВ 40п|link= колажен македонски Тетово ТВ м»нет 40п|link= колажен македонски Штип / Вистел 40п|link= колажен македонски Скопје
Tелевизиски станици со локална покриеност Телевизиски станици кои се емитуваат само преку кабелски оператори + Програма Ниво на емитување Вид Јазик Седиште Канал Феста 40п|link= колажен албански Куманово ТВ Плус 40п|link= колажен македонски и српски Куманово ТВ Њуз 40п|link= колажен албански Куманово ТВ Кочани 40п|link= колажен македонски Кочани ТВ Канал 8 40п|link= колажен македонски Кочани Протел 40п|link= колажен македонски Пробиштип ТВ Зравкин 40п|link= колажен македонски Велес ТВ Свет 40п|link= колажен македонски Свети Николе Калтрина ТВ 40п|link= колажен албански и македонски Струга Спектра ТВ 40п|link= колажен македонски Лабуништа Дибра ТВ 40п|link= колажен албански и македонски Дебар ТВ Гурра 40п|link= колажен албански и македонски Кичево ТВ Ускана 40п|link= колажен албански и македонски Кичево ТВ Дуе 40п|link= колажен албански Гостивар Глоби ТВ 40п|link= колажен албански, македонски и турски Гостивар
Локализирани верзии на транснационални телевизиски станици
Документарни канали со превод на македонски јазик: National Geographic Channel, со македонски DVB превод Discovery Channel, со македонски DVB превод Discovery HD Showcase, со македонски DVB превод (укинат 01.01.2021 година) Animal Planet, со македонски DVB превод TLC, со македонски DVB превод History channel, со македонски DVB превод H2, со македонски DVB превод Da Vinci Learning, со македонски DVB превод Viasat Explore, со македонски DVB превод Viasat History, со македонски DVB превод