За други значења видете Дубрава (појаснување)
Дубрава — археолошко наоѓалиште во тетовското село Долно Седларце. Претставува населба од доцноантичкото време. Се наоѓа на околу 1 км северозападно од селото, каде по површината на нивите се наоѓаат остатоци од темели на градби и фрагменти од керамички садови, питоси и многу градежен материјалКоцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.
Поврзано Крушевица — населба од доцноантичко време; Тумба — населба од неолитско време. Наводи
Категорија:Долно Седларце