thumb|260п|Кимберлит Кимберлитот е магматска карпа и ретка варијанта на перидотит. Најчесто е познат како главна матрица домаќин за дијаманти. Именуван е по градот Кaмберли во Јужна Африка, каде што откривањето на дијамант од 83,5 карати (16,70 г) наречен Ѕвездата на Јужна Африка во 1869 година предизвикало дијамантска треска и довело до ископ на рудникот со отворен коп наречен Големата дупка. Претходно, терминот кимберлит се применувал за оливинските лампроити како Кимберлит II, но ова било погрешно.

Примарен извор на дијаманти во светот се кимберлитните цевки. Овие стрмни и длабоки вулкански цевководи често се јавуваат во групи кои во длабочината се соедиенуваат. Кимберлитот е темна карпа (ултрамафит) со променлив состав и првобитно крупнозрнеста. Во текот на процесот а итрузија тој често се дели на фрагменти. Минералите што преовладуваат се оливинот, момирокот, пиропниот гарнет, ортопироксенот, и многу споредни минерали, вклучувајќи го и дијамантот. Матрицата обично се менува во серпентин, хлорит и карбонантни минерали. Кимберлитните цевки често опфаќаат и егзотични карпи, т.е. ксенолити кои потекниваат од Земјината кора и од горната обвивка. мини|десно|Кимберлит

Минерали кои го градат кимберлитот се: оливин (делумно алтериран), секундарни минерали: бронзит, диопсид, флогопит, перовскит, илменит, пирит, дијамант.

Структурата на кимберлитот е порфирска, додека неговата текстурата е бречеста.

Литература Ђорђевић В., Ђорђевић П., Миловановић Д. 1991. Основи петрологије. Београд: Наука

Наводи

Поврзано

Список на карпи

Надворешни врски

Галерија на Кимберлит

Категорија:Карпи Категорија:Магматски карпи Категорија:Стопанска геологија Категорија:Дијаманти