Леска — археолошко наоѓалиште во тетовското село Лешок. Претставува населба — викус од доцноантичкото време и базилика од старохристијанското време. Се наоѓа на 800 м јужно од тврдината Кале, каде по површината на нивите се среќава множество фрагменти од керамички садови, питоси, делови од мермерни столбови и капители. Најдени се три депоа на бронзени монети од V, VI, X и XI век (скифати), што се чуваат во Музејот на Македонија во Скопје.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Кале — населба од доцноантичко време и среден век; Два Бреста — населба од римско време; Пепело — населба од римско време; Црквиште — црква од средниот век; Црници — некропола од римско време; Депо — депо од средниот век; Млака — некропола од средниот век;

Наводи

Категорија:Лешок