Тумба или Бунар — археолошко наоѓалиште во гостиварското село Градец. Претставува утврдување од римското време. Се наоѓа на околу 1 км источно од селото, каде на висок рид со зарамнето плато се гледаат остатоци од мало утврдување — кула. Кулата се наоѓа на античката комуникација што минувала низ овој дел на Горни Полог.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано

Голема Чешма — црква и некропола среден век; Градиште — градиште од римско време; Поточане — населба од средниот век; Црквиште — црква и некропола од средниот век;

Наводи

Категорија:Градец (Гостиварско)