Лугунци — село во северниот дел на Општина Велес во сливното подрачје на реката Отовица, во околината на градот Велес.
Географија и местоположба
Селото е ридско на надморска височина од 460 метри на 17 километри оддалеченост од градот Велес.
Историја
Стопанство
Население
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 150 Македонци.
Лугунци според пописот од 2002 година имало 10 жители, сите Македонци.
Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.
Родови Лугунци е македонско село.
Според истражувањата од 1929 година, родови во селото се:
Божиновци (дел од нив го носат и презимето Лазаровски по нивниот прадедо Лазар кој датира во селото од пред 1900 година) Доселеници: В’лкановци доселени се од Егејска Македонија. Во Рудник за нив се зборува дека се доселени од Охридско; Кусевци доселени се од Кривопаланечко; Шоповци се делат на Васевци и Ѓоргијовци, доселени се од некое село Трново над Куманово; Ѓоровци доселени се од кај Гнилане во Косово; Јанкуловци не знаат од каде се доселени. Во Рудник за нив се зборува дека се од околинат на Призрен во Косово; Јовановски дошол како домазет од селото Ѓуземелци, а уште подалечно потекло од Горобинци во Овче Поле.
Општествени установи
Самоуправа и политика
Избирачко место
Селото е опфатено во избирачкото место бр. 2190 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на објект сопственос здравковиќ росанда во Рудник. Во избирачкото место се опфатени населените места: Лугунци, Рудник, Ветерско.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 31 гласач.
Културни и природни знаменитости Археолошки наоѓалишта Чучка Чешма — населба од римско време
Редовни настани
Личности Трајко Божиновски - Габерот Марика Николова Варелова — македонка, борец во Грчката народноослободителна армија
Галерија
Култура и спорт
Иселеништво
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Велешки села Категорија:Села во Општина Велес
Категорија:Раселени села во Македонија