Едвард Зис ( - ) — австриски геолог.
Зис бил пионер во проучувањето на процесите на набирање, раседнување и геолошката структура на европските Алпи. Познатата книга на Зис во четири тома „Лицето на Земјата“ (Das Antlitz der Erde, 1885-1909) е напишана како енциклопедиски преглед на планините на Земјата, нивните структури и создавањето, како и историјата на океаните. Прв од геолозите дошол до идеја - подоцна отфрлена - за можноста на постоење копнени мостови што ги соединенуваат континентите Јужна Америка, Африка, потконтинентот Индија и Австралија. Зис тој голем континент од минатото го нарекол Гондвана - името и натаму се користи за означување на некогашиот суперконтинент.
Тој прв го употребил поимот „биосфера“ во 1875 година во своето дело Die Entstehung der Alpen.
Категорија:Австриски геолози Категорија:Членови на Кралската шведска академија на науките Категорија:Носители на Коплиевиот медал Категорија:Странски членови на Кралското друштво Категорија:Дописни членови на Петербуршката академија на науките Категорија:Почесни членови на Петербуршката академија на науките Категорија:Луѓе од Лондон Категорија:Членови на Баварската академија на науките Категорија:Членови на Пруската академија на науките Категорија:Членови на Американското филозофско друштво Категорија:Членови на Гетингенската академија на науките Категорија:Членови на Торинската академија на науките