Катрање — археолошко наоѓалиште во гостиварското село Пожаране. Претставува населба , црква и некропола од средниот век. Се наоѓа на околу 1 км северно од селото, на една блага падина, каде се гледаат грамади од кршен камен и покривни ќерамиди. Населбата се наоѓа непосредно до изворот. На северниот раб на наоѓалиштето има грамада од кршен камен и темели од еднокорабна црква, а сосема близу до неа се среќаваат големи камени плочи од гробни конструкции. Локалното предание кажува за постоење на црквиче со име Св. Спас.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069Алексова, Б., Средновековни наоѓалишта во Полозите, Гласник на Институтот за национална Историја, III-1, Скопје 1959
Поврзано Царева Чешма — некропола од доцен среден век;
Наводи
Категорија:Пожаране Категорија:Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на некропола