Тетсуја Теодор Фуџита (1920-1998 г.) — јапонски метеоролог.

Со помош на својата сопруга и еден колега, изработил скала со шест различни сили на торнадото, која е наречена по неговото име. Прво го изучувал торнадото предизвикано од пожарите предизвикани како последица на експлозијата на атомската бомба во Втората светска војна. Се преселил во САД во почетокот на 50-тите години на 20 век и на Универзитетот во Чикаго продолжил со својата истражувачка работа проучувајќи ги тропските циклони.

Категорија:Американски метеоролози Категорија:Јапонски метеоролози Категорија:Родени во 1920 година Категорија:Починати во 1998 година