Св. Богородица — археолошко наоѓалиште во гостиварското село Ростуше. Претставува црква и некропола од средниот век. Се наоѓа во средишниот дел на селото, каде при изградба на станбени куќи и нивелирање на теренот, на повеќе наврати се откривани гробови градени од камени плочи -тип циста. Исто така, откриени се и темели од манастирска црква посветена на Св. Богородица. Црквата по доаѓањето на Турците била претворена во џамија која, во 1912 година, српските власти ја срушиле. Во 1984 година, при изградбата на приватна куќа, сопственикот открил гроб од камени плочи во кој имало бронзен прстен со стаклена паста со црвена боја.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Дубје — средновековна некропола; Св. Јован Бигорски — средновековна црква;
Наводи
Категорија:Ростуше