Јела — археолошко наоѓалиште во гостиварското село Сретково. Претставува населба и некропола од средниот век. Се наоѓа на околу 1,5 км југоисточно од селото, на блага падина, каде се гледаат грамади од кршен камен и покривни ќерамиди. Во непосредната близина се откриени и камени плочи од гробни конструкции со насоченост исток-запад.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Крстови — средновековна некропола; Реџов Гроб — средновековна фортификација; Сотка — средновековна некропола;
Наводи
Категорија:Сретково