Руфи Османи (албански: Rufi Osmani; Чајле, ) — македонски политичар и универзитетски професор.
Биографија, кариера, затворска казна
Османи е роден на 20 август 1960 година во гостиварското село Чајле. Студиите ги завршил на Економскиот факултет при Приштинскиот Универзитет во 1983 година. Во 2002 ги завршил постдипломските студии и стекнал звање Магистер на економски науки. Во јануари 2005 година докторирал на тема “Компаративна анализа на соработката на Албанија и Македонија со Меѓународниот фонд и Светската банка” и се стекнал со титулата Доктор по економски науки.
Во 1994 година бил избран за пратеник во Собранието на Македонија, а две години подоцна ја напуштил пратеничката функција, бидејќи се кандидирал, а подоцна и бил избран за Градоначалник на Општина Гостивар. Функцијата со прекини ја вршел до април 1997 година.
По цели 6 месеци институционално-демократски отпор во функција на легализирање на албанското знаме, за време на деветто-јулски настани од 1997 година бил уапсен, а потоа осуден со 13 години затвор, односно 7 години во втората судска инстанца. По усвојувањето на Законот за амнестија, во 1999 бил ослободен откако поминал речиси 2 години во затвор.За затворската казна
Од основањето на Тетовскиот универзитет во 1994 година бил вклучен во структурите на финансирање и во процесот на предавање како предавач до 2003 година. До мартовските избори 2009 година работел и како универзитетски професор на Универзитетот на Југоосточна Европа во Тетово. Во 2008, после 13 годишна политичка пауза се вратил на македонската политичка сцена, каде учествувал на локалните избори во 2009 и станал градоначалник на Општина Гостивар.
На 27 март 2011 година, Османи во Скопје ја промовирал националистичката партија Националната демократска преродба, во која ја има позицијата на водач. На Парламентарните избори во 2011 година, неговата партија освоила два пратеници. На локалните избори во 2013 години го губи градоначалничкото место во општина Гостивир. На предвремените пармаментарни избори доби едно пратеничко место во Собранието на Р.М, по што си поднесе оставка од преседателската функција во партијата.
Библиографија
Досега има објавено повеќе научни и публицистички трудови во локални и регионални списанија од областа на економијата, политиката и образованието. Автор е на дело со наслов „Алтернативна, политичка и економска мисла“, како и на универзитетски учебник со наслов „Менаџерско книговодство“.
Наводи
Надворешни врски
Биографија - официјалното мрежно место на Општина Гостивар
Категорија:Луѓе од Чајле Категорија:Македонски Албанци Категорија:Македонски политичари Категорија:Професори на Државниот универзитет во Тетово Категорија:Професори на УЈИЕ Категорија:Градоначалници на Општина Гостивар Категорија:Пратенички состав 1994-1998 Категорија:Политичари од НДП Категорија:Живи луѓе Категорија:Македонски затвореници и притвореници Категорија:Затвореници во Македонија