Долно Ливаѓе — археолошко наоѓалиште во близина на струшкото село Враништа. Претставува населба од неолитско време. Се наоѓа на околу 150-200 м источно од селото, на простор од околу 200 × 200 м. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, камени и коскени орудија, како и рачни мелници. Наодите се чуваат во Народниот музеј во Струга.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.

Поврзано Враништа; Горна Црква — некропола од римско време; Кортиниче — населба од римско време; Кралој Загони — населба од неолитско време; Ливатче — населба од неолитско и бронзено време; Св. Атанасија — црква и гробишта од средниот век; Св. Богородица — сакрален објект од средниот век; Црквени Ливади — населба од неолитско и бакарно време; Шумски Ливади — населба од неолитско и бакарно време.

Наводи

Категорија:Враништа